Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, остварила проштална средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Н.Е. Метју Лосон, по повод завршувањето на неговиот дипломатски мандат во Македонија.
Божиновска му се заблагодарила на амбасадорот за, како што наведува, искрената и конструктивна соработка, како и за неговиот личен придонес во продлабочувањето на партнерството меѓу Македонија и Обединетото Кралство.
„Верувам дека основите што ги поставивме ќе продолжат да носат нови можности за државата, особено во енергетиката, инвестициите и стратешките минерални суровини“, истакнала Божиновска.
Таа му посакала на Лосон успех во понатамошниот професионален ангажман и изразила благодарност за неговиот придонес кон продлабочувањето на пријателските и партнерските односи меѓу двете земји.


