Американскиот Балкански трговски центар потпиша договор за стратешко партнерство со Стопанската комора на Илиноис

September 23, 2026
1 min read

Американскиот балкански трговски центар (AБTC) официјално потпиша договор за стратешко партнерство со Трговската комора на Илиноис, означувајќи важен нов чекор во мисијата на организацијата за зајакнување на деловните врски и создавање нови можности меѓу Соединетите Американски Држави и Балканскиот регион.

Договорот за партнерство беше потпишан во понеделник попладне, со што AБTC се приклучи на деловната мрежа на Стопанската комора на Илиноис низ целата држава. Партнерството отвора врата за поголема соработка, проширени деловни врски и дополнителни ресурси за Балканско-Американските претприемачи и бизниси низ целиот Илиноис и Америка.

Комората на Илиноис ја поздрави AБTC како организација фокусирана на градење силни односи, создавање деловни можности и зајакнување на врските меѓу Американските и Балканските заедници.

 

„Ви благодариме што го градевте Вашиот живот и бизнис овде во Илиноис. Тука сме да ви помогнеме и да работиме заедно за да го изградиме Американскиот сон за кој работевте толку напорно“, рече Џими Клејтон, извршен директор на Трговската комора на Илиноис.

„Лично сакам да им се заблагодарам на Ник и на неговите партнери што станаа партнери на Комората на Илиноис уште од првиот ден. Ова е инзвонредно партнерство и можете да видите колку Ник се грижи за луѓето со кои работи и за партнерите околу него“, додаде Клејтон.

За AБTC, ова стратешко партнерство претставува важна можност за проширување на својата работа и создавање посилни економски врски меѓу Балканските бизниси и Американската бизнис заедница.

„Ова е голем ден за Американскиот Балкански трговски центар. Ова е уште еден чекор кон градење иднина за луѓето од Балканот тука во Америка“, рече Никола „Ник“ Андреевски, еден од основачите на AБTC.

„Тоа значи дека можеме да обезбедиме поголема поддршка, да создадеме повеќе можности и да изградиме моќни, долгорочни економски врски за Балканските бизниси тука во Америка како и за Американските бизниси, додаде Андреевски.

Трговската комора на Илиноис е независен глас на бизнисите во Илиноис, застапувајќи политики дизајнирани да поттикнат конкурентна деловна клима низ секторите низ целата држава. Нејзината агенда се фокусира на економски раст, развој на бизнисот и зајакнување на Илиноис како место за градење и раст на бизниси.

Американскиот Балкански трговски центар (AБTC) е непрофитна организација со претставништва во Чикаго, Илиноис, Мајами, Флорида и Њујорк, но е распространет низ цела Америка. AБTC е посветен на градење мост помеѓу Соединетите Американски Држави и Балканските земји преку создавање значајни врски, зајакнување на професионалните мрежи и поттикнување можности за соработка помеѓу Американските и Балканските заедници.

На церемонијата на потпишување присуствуваа Џими Клејтон , извршен директор на Стопанската комора на Илиноис; Лаура Ортега-Ламела , заменик директор на Стопанската комора на Илиноис; Никола ,,Ник” Андреевски , основач на AБTC; Лука Јовановиќ , основач на AБTC; Бобан Попевски , основач и претседател на AБTC; Филип Миливојевиќ , основач на AБTC; Адриан Муравски , член на Советодавниот одбор на AБTC; и Филип Јотевски , извршен директор на AБTC.

Новото партнерство претставува уште еден чекор напред за AБTC, бидејќи работи на поврзување на бизнисите, претприемачите и заедниците и градење посилни, долгорочни економски односи меѓу Соединетите Американски Држави и Балканот.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПАПАМОБИЛ, ДИПЛОМАТИЈА И 15.000 ЛУЃЕ ОД БЕЗБЕДНОСТА: Зад сцената на папската посета на Франција

Следно

Коњановски: Создаваме услови за нови инвестиции и соработка со Австралија

Latest from Blog

Коњановски: Создаваме услови за нови инвестиции и соработка со Австралија

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска оствари средба со амбасадорот на Австралија во Република Србија, со акредитација за Република Македонија, Питер Трасвел. На средбата биле разменети мислења за билатералните односи меѓу

ПАПАМОБИЛ, ДИПЛОМАТИЈА И 15.000 ЛУЃЕ ОД БЕЗБЕДНОСТА: Зад сцената на папската посета на Франција

Папамобил, претходница, протоколи за итна медицинска помош… Секое папско патување бара темелни подготовки – балансирање меѓу дипломатијата, политиката, верата и безбедноста, известува „Франс-прес“ (Agence France-Presse). Папата Лав XIV ќе престојува во Франција

Димитриеска-Кочоска на Светскиот економски форум во Њујорк: Економиите мора да се насочат кон долгорочен раст заснован на продуктивност

23 септември 2026 година, Њујорк – Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска учествуваше на работната сесија „Поттикнување на растот во новата економија“, организирана во рамки на „Состаноците за влијанието врз одржливиот развој 2026“

(ВИДЕО) Трамп се фалеше, а Макрон остро возврати „ВРАЌАЊЕ НА ЗАКОНОТ НА ЏУНГЛАТА“

Францускиот претседател Емануел Макрон ги оспори тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека обезбедил мир во Појасот Газа, велејќи дека и покрај прогласениот мир во енклавата, не е повторно отворен никаков хуманитарен
Go toTop