Осомничената во убиството на шест лица во Нешвил, меѓу кои три деца, убиена од полицијата

March 27, 2023
1 min read

Осомниченото лице кое денеска изутринава отвори оган во приватно христијанско училиште во Нешвил е мртво, соопштија официјални лица од овој град во Тенеси.

Како што објави Њујорк тајмс денеска, тешко вооружена жена убила шест лица, вклучувајќи три деца. Таа потоа била убиена од полицијата. Тоа го потврди полицијата на Метро Нешвил во објава на Твитер.

Противпожарната служба на Нешвил на Твитер објави дека има „повеќе повредени“.

Пукањето се случило во училиштето Ковенант.

Противпожарната служба соопшти дека одговориле на „активен агресор“, но не дадоа никакви детали. Други детали за пукањето засега не се достапни.

Во училиштето Ковенант имало околу 200 ученици од предучилишна до шесто одделение и било основано од Презвитеријанската црква во 2001 година, според веб-страницата на училиштето.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Германија ѝ ги испорача ветените „леопарди“ на Украина

Следно

ТРУПА СНЕГ БЕЗ ПРЕСТАН – вечерва Македонија ја зафати снежен бран, на овие места врне уште од пред неколку часа! (ФОТО)

Latest from Blog

„Рингишпил“ – нова емотивна балада на Дамјан Стоименовски

Младиот македонски пејач Дамјан Стоименовски ја претстави својата најнова музичка нумера „Рингишпил“ – емотивна поп балада која ја раскажува внатрешната борба со љубовта што заминала, но сè уште живее во мислите и

Борче Димитровски: Битола го финализира булеварскиот влез од страната на Прилеп

За текот на изведбата на булеварскиот влез во Битола од страната на Прилеп и по претходно утврдените забелешки за одредени позиции од надзорот „ЗИМ“ ( Завод за испитување на материјали) – Скопје

Коњановски: Инвестиција од над 48 милиони денари за спортска сала во Битола

Започна изградбата на типската училишна спортска сала во дворот на ООУ „Стив Наумов“ во Битола. Денеска, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, изврши увид на локацијата каде ќе се реализира овој значаен

Обединетите Арапски Емирати го напуштаат ОПЕК,ќе можат да произведуваат и до 5 милиони барели нафта дневно

ОАЕ соопшти дека нивната одлука ќе им помогне да ја задоволат растечката глобална побарувачка за енергија на долг рок, по неодамнешните инвестиции за зголемување на нивниот производствен капацитет. Излегувањето на Обединетите Арапски Емирати од ОПЕК ќе го

Дел од Тафталиџе 1 денеска без вода

РЦУК Скопје известува дека денеска поради изведување на приклучок од Ф-100мм на улицата Багдадска 11 во населба Тафталиџе 1, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улиците Багдадска и Атинска. Водоснабдувањето
Go toTop