По два меча од Грција и Романија и еден дуел од данска лига

September 21, 2026
1 min read

2867 Петролуп – Чиксчереда М. Циук (20 ч.)

Петролул игра одлично дома и има три победи и само еден пораз сезонава. Сега на гости му доаѓа ривалот Чиксчереда М. Циук кој има пет порази во петте гостувања сезонава со просек од над два и пол примени гола по меч.

Едноставно Чиксчереда М. Циук е убедливо најслабиот тим со само еден освоен бод во девет средби. Интересна е традицијата која вели дека на последните шест меча на овие два ривали секогаш имало меѓу два и три погодоци.

Предлог тип: 1&2-3 (3.50)

 

2437 Отелул – Корвинул (17 ч.)

По девет кола, двата тима имаат ист билас од две победи, четири реми и три порази и се во опасната зона на табелата. Корвинул влезе од втора лига и тоа е екипа која игра дефанзивно, главна задача е да го сочува својот гол.

Затоа и сега може да се очекува да нема шремногу возбудувања, па можно е и еден потег само да биде решавачки. Секако, поради искуството, но и домашниот терен, екипата на Отелул треба да е поблиску до победата.

Предлог тип: 1Х&0-2 (2.26)

 

4864 Пантракокис – Ники Волос (16 ч.)

Дуел од втората грчка лига. Ники Волос во сезоната влезе како еден од кандидатите за висок пласман, но по првите две кола е без ниту еден освоен бод и е на последното место на табелата. Од друга страна, Пантракокис кој дојде од трета лига, започна одлично и има победа и реми, без ниту еден примен гол.

Факт е дека двата тима играат дефанзивно, па не би требало да се очекуваат многу голови, а иако нема ниту еден бод досега, Ники Волос делува како да е поблиску до евентуален триумф на овој меч.

Предлог тип: 0-2 (1.58)

 

2816 Коге – Хобро (19 ч.)

Меч од втората лига во Данска. Коге е тимот кој е единствен без ниту една победа по осум натпревари сезонава (четири реми и четири порази), па затоа е на дното од табелата. Хорбо е на средината од табелата и тоа е екипа која во просек дава и прима нешто повеќе од еден погодок на меч.

Кога играат овие ривали, според резултатите од последните 10 меча, Хорбо има шест победи, а Коге се радувал три пати. Дури осум пати резултатот на крај бил со два или три погодоци.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.50)

 

4863 ПАОК Б – Крисуполис (16 ч.)

Вториот тим на ПАОК освои само еден бод по првите две кола, а Крисуполис може да се пофали со четири бода. Сепак, ПАОК на свој терен секако дека ја има фаворитската улога, а тоа што покажуваат претходните меѓусебни дуели е дека кога играат меѓусебе нема повеќе од два погодоци, па така и сега не се очекува некој спектакуларен дуел.

Предлог тип: 1 (2.04)

Извор: sportmanija.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Партијата на Путин убедливо победи на изборите на руската Државна дума

Следно

Со многубројна публика и одлична атмосфера заврши фестивалот „Звуците на културата во Ѓорче 2026“

Latest from Blog

Со многубројна публика и одлична атмосфера заврши фестивалот „Звуците на културата во Ѓорче 2026“

Со многубројна публика, музика, танц и содржини за сите генерации заврши фестивалот „Звуците на културата во Ѓорче 2026“. Во текот на петокот и саботата, паркот беше исполнет со посетители кои дојдоа да

Партијата на Путин убедливо победи на изборите на руската Државна дума

Според првичните резултати, владејачката „Единствена Русија“ освои најмногу гласови, додека втора беше Комунистичката партија на Русија. „Единствена Русија“ освои 57,54 отсто од гласовите според првите обработени податоци, соопшти Централната изборна комисија на
Go toTop