Според првичните резултати, владејачката „Единствена Русија“ освои најмногу гласови, додека втора беше Комунистичката партија на Русија.
„Единствена Русија“ освои 57,54 отсто од гласовите според првите обработени податоци, соопшти Централната изборна комисија на Русија, пренесе „Спутник“.
На второто место се најде Комунистичката партија на Русија со 13,80 отсто од гласовите. „Единствена Русија“, чиј претседател е Дмитриј Медведев, долго време го поддржува актуелниот претседател Владимир Путин.
На третото и четвртото место се „Нови луѓе“ со 7,96 отсто од гласовите, односно „Праведна Русија“ со 5,16 отсто. Според податоците од 20:55 часот по московско време, прелиминарната излезност на изборите за Државната дума до крајот на гласањето изнесуваше 56,66 отсто.
Последниот ден од гласањето, како и претходните два, започна на Далечниот Исток и постепено се поместуваше кон запад. Распоредот се разликуваше во некои региони. На пример, во самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР), избирачките места останаа отворени до 14 часот по московско време. Републиканската изборна комисија ја оправда оваа одлука со активноста на беспилотни летала и потребата за безбедно доставување на изборните документи по затворањето на избирачките места, пренесе ТАСС. Изборите за пратеници во Државната дума од деветтиот состав се одржаа од 18 до 20 септември.
Жителите на регионот Донбас и на Новорусија за првпат учествуваа на изборите.
На изборните листи за федералната изборна единица беа застапени десет партии: „Единствена Русија“, Комунистичката партија на Руската Федерација, Либерално-демократската партија на Русија, „Нови луѓе“, „Праведна Русија“, Руската партија на пензионерите за социјална правда, „Комунисти на Русија“, „Родина“, Руската еколошка партија „Зелени“ и Партијата за директна демократија.
Извор: vecer.mk

