Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити.
Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки на подготовките за концертот кој ќе биде дел од културната програма на Општина Чаир.
Настанот ќе биде посветен на ноемвриските празници, како и на албанската историја и култура.
„Со Рона Нишлиу се подготвуваме за една посебна вечер, исполнета со музика, култура и атмосферата што ноемвриските празници ја носат во Чаир“, изјави Меџити.
Од Општина Чаир најавуваат дека дополнително ќе бидат објавени датумот, локацијата и деталите од програмата за концертот.

