Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар не беше одигран без голови. Само во Серија А, беа постигнати 121 гол на 40 натпревари, што е просек од 3,025 по натпревар, според италијанските медиуми.
Четвртото коло беше особено ефикасно, во кое беа постигнати 39 голови на 10 натпревари. Интер го победи Удинезе со 5-3, Фиорентина ја победи Венеција со 4-2, а Сасуоло беше подобар од Јувентус со 3-2. Лече исто така славеше против Монца со ист резултат.
Меѓу најефикасните клубови се издвојува Интер со 13 и водечката Рома со 12 постигнати голови во првите четири кола. Комо постигна девет голови, а Удинезе осум.
Една од причините што се наведуваат за поефикасен фудбал се промените воведени во текот на летото за да се направи „калчото“ позабавно и да се усогласи темпото на играта со она на европските натпреварувања. Ова првенствено се однесува на различен пристап кон судењето, што овозможува потечна игра со помалку фаули, картони и општи прекини.
Извор: vecer.mk

