БУМЕРАНГОТ СЕ ВРАЌА! Лета кон срцето на ВЕЛИКА БРИТАНИЈА!

September 15, 2026
1 min read

Лидерите на Шкотска, Велс и Северна Ирска синоќа се состанаа во Кардиф каде потпишаа историски меморандум за соработка и заедничка декларација со која бараат право на одржавање референдуми за независност и комплетно самоопределување на нивните народи.

Џон Свини од Шкотската национална партија, Рун ап Јорверт од Плејд Кимру и Мишел О’Нил од Шин Фејн порачаа дека уставните промени доаѓаат, повикувајќи ја британската влада да го олесни овој процес во секоја јурисдикција. На настанот присуствуваше и лидерот на ирскиот Шин Фејн, Мери Лу Макдоналд, која овој чин го оценила како колективна потврда за неотуѓивото право на одлучување за сопствената иднина.

Оваа историска иронија покажува дека духот на „правото на самоопределување“, кој Западот со децении го користеше за разурнување на суверени држави и признавање лажни творби, сега се враќа на британскиот праг. Како што со години британската политика ширеше лаги за Балканот и ги поддржуваше терористичките структури, сега сопствениот империјален бумеранг ја удира Велика Британија во срцето на нејзиниот систем.

Аналитичарите забележуваат дека со воведената парламентарна деволуција, Англија е доведена во апсурдна позиција на „предмилошевиќевска Србија“, каде провинциите се прашуваат за сè, додека англискиот народ нема право да влијае врз сопствената судбина. Сопствениците на некогашната империја сега мора да ги платат сметките за сите геополитички махинации.

Дополнителен удар за Лондон доаѓа и од американскиот претседател Доналд Трамп, кој за време на престојот во Даблин јавно изјави дека обединувањето на Република Ирска и Северна Ирска би било „природна и сјајна работа“. Според упатените, ова претставува дипломатско газење на британскиот глобалистички естаблишмент од страна на американскиот националистички врв, покажувајќи дека времето кога Англичаните ги манипулираа САД за сопствени сметки е конечно завршено.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бетис како гостин го “реши“ Виљареал

Следно

Родри: Одиме на трофеј во ЛШ, но не се сметаме за фаворити

Latest from Blog

Бетис како гостин го “реши“ Виљареал

ФОТО:.facebook.com/realbetisbalompie Бетис го победи Виљареал со 2:1 на гостински терен во последниот натпревар од петтото коло на Ла Лига. Бетис победи по пресврт, со головите на Ернандез и Натан, додека Жерар Морено

Трамп пушта музика во авион на најсилно- сите се изненадени од неговиот избор (ВИДЕО)

За време на летот, тој им пушти песни од неговата „одобрена плејлиста“, за која рече дека поголемиот дел од неа самиот ја составил. Пред да започне музиката, стјуардесата им го пренесе прашањето

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop