Најмалку шест цивили загинаа во самоубиствен напад во главниот град на Авганистан

March 27, 2023
1 min read

ИСЛАМАБАД (АА) – Бомбаш самоубиец се разнесе денес во главниот град на Авганистан, Кабул, при што загинаа најмалку шест цивили, а неколкумина се повредени, јавува Анадолу.

Бомбашот бил пресретнат во близина на „безбедносниот контролен пункт на раскрсницата Малик Асгар во втората безбедносна зона во Кабул“ пред да стигне до својата цел, рече Калид Зардан, портпарол на полицијата.

„Шест цивили загинаа, а голем број луѓе, вклучително и тројца талибански војници, се повредени“, напиша тој на Твитер.

Авганистанскиот телевизиски канал „Толо њуз“ објави дека бомбата експлодирала на патот што води кон зградата на Министерството за надворешни работи.

Меѓународната хуманитарна група Emergency за каналот изјави дека примиле најмалку 12 ранети, меѓу кои и едно дете.

Авганистан беше сведок на повеќе самоубиствени бомбашки напади откако Талибанците се вратија на власт во август 2021 година, а одговорноста за повеќето од нападите ја презеде терористичката организација ДЕАШ.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Новиот тренер на Баерн, Тухел сака да донесе неколку играчи од Челзи

Следно

Над 100 нови паркинг места и нови улици во населбата „11 Октомври – згради“

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој

Божиновска: Да создадеме услови секој млад човек да го покаже својот потенцијал

Креативноста и потенцијалот на учениците со попреченост беа во фокусот на проектот „EVN4Environment“, во кој учествуваа 10 училишта и повеќе од 100 ученици. Преку креативни работилници, учениците создаваа пораки и дизајни посветени

Македонското друштво “Илинден“-Тирана на Конгресот на ФУЕН ќе предложи резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, потврдувајќи го учеството на Конгресот на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), најави дека ќе предложи Резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија. Годинашниот 70. Конгрес на

Димитриеска-Кочоска: ЦЕБ досега одобри 314 милиони евра за 10 проекти во Македонија

17 септември 2026 година, Скопје – Банката за развој при Советот на Европа (ЦЕБ) е долгогодишен и значаен партнер на земјава во реализацијата на проекти насочени кон подобрување на образованието, социјалната инфраструктура
Go toTop