Божиновска: Македонскиот рубин ќе има свој стандард, сертификација и гарантирано потекло

September 11, 2026
2 mins read

Божиновска: Од заштита на рубинот кон воспоставување систем што ќе го гарантира неговото потекло, квалитет и препознатливост во светот

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го продолжува процесот за целосна институционална заштита, уредување и афирмација на македонскиот рубин.

Во Министерството денеска се одржа работна средба на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска со новоформираната Комисија за македонскиот рубин, претставници на Државниот завод за индустриска сопственост, претставници од надлежните сектори за геологија и рударство во Министерството и директорот на Геолошкиот завод, Ивица Андов, институцијата под чија стручна надлежност ќе функционира Комисијата.

Формирањето на Комисијата претставува нова фаза во процесот што започна со институционалното признавање и заштита на македонскиот рубин. Целта е заштитата да не остане само на ниво на правен статус, туку да се воспостави целосен и функционален систем со кој ќе се знае што се ископува, кој има право да го произведува и обработува, од каде потекнува рубинот и под кои услови може да се пласира на пазарот, регулирано со правилникот кој го донесе комисијата.

На работната средба беа дефинирани првичните приоритети на Комисијата, меѓу кои се:

  • воспоставување систем за сертифицирање на македонскиот рубин;
  • подготовка на каталог и регистар на овластени производители и обработувачи;
  • воспоставување механизам за евиденција на количините и движењето на рубинот;
  • гарантирање на автентичното потекло и следливостана рубинот;
  • утврдување стандарди за неговата обработка, презентација и означување;
  • спречување на злоупотреби и лажно претставување на други минерали како македонски рубин;
  • системско поврзување на геолошката, рударската и индустриско-правната заштита;
  • подготовка на активности за меѓународна афирмација и признавање на македонскиот рубин.

„Со заштитата на македонскиот рубин направивме историски чекор, но со тоа работата не завршува. Напротив, сега започнува следната, многу важна фаза – да воспоставиме систем кој ќе гарантира дека кога некој ќе купи македонски рубин, навистина знае дека станува збор за рубин со потекло од Македонија, кој е сертифициран, евидентиран и заштитен. Нашата цел е од природно богатство да создадеме препознатлива национална вредност и бренд со јасни правила и стандарди“, истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Особено значајна е соработката со Државниот завод за индустриска сопственост, кој е надлежен за системот на индустриска сопственост и има надлежности поврзани со географските називи и меѓународната соработка во областа на индустриската сопственост.

Со вклучувањето на ДЗИС, Геолошкиот завод и стручните служби на Министерството се воспоставува институционален механизам кој треба да ги поврзе геолошката експертиза, рударската регулатива и правната заштита, со крајна цел македонскиот рубин да добие јасно дефиниран статус, препознатливост и контролиран пазарен настап.

Паралелно со воспоставувањето на домашниот систем на сертификација и следливост, започнат е и процесот за меѓународна афирмација на македонскиот рубин, со амбиција неговата автентичност и потекло да бидат препознатливи и надвор од земјата.

„Македонскиот рубин не треба да биде само минерал кој го знаеме ние. Треба да стане препознатливо име поврзано со Македонија. Затоа работиме на систем кој ќе овозможи неговата вредност да се гради на автентичност, потекло, квалитет и доверба. Само така можеме да создадеме производ кој има и економска и национална вредност“, посочи Божиновска.

Македонскиот рубин е геолошки уникат, познат по специфичната малиново-розева боја, поврзана со присуството на хром во неговата кристална структура. Неговата појава во регионот на Прилеп и Мариово му дава посебна геолошка и препознатлива вредност, а неговата заштита отвора можност за создавање нова додадена вредност преку контролирано искористување, сертификација, брендирање и промоција.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, заедно со Геолошкиот завод и Државниот завод за индустриска сопственост, продолжува со реализација на конкретните активности на Комисијата.

Целта е јасна – македонскиот рубин да има свој систем, свој стандард и гарантирано потекло, а Македонија да го препознае и заштити она што природата ѝ го дала како уникатно богатство.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити: Реконструкцијата на Старата чаршија влегува во завршна фаза

Следно

6,2 милиони денари промет на Берзата, најмногу се тргуваше со Комерцијална банка

Latest from Blog

Над 11 милиони денари промет на Македонската берза, најтргувана Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 27.10.2026 заврши со благ пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.858,11 поени. Во

„Кромберг и Шуберт“ и Германската стопанска комора ја зајакнуваат соработката во Битола

Фабриката на „Кромберг и Шуберт“ во Битола ја посетија директорката на Германската стопанска комора во Северна Македонија, Антје Ванделт, и заменик-директорката Лара Крстева Ичоќаева. За време на работната посета се одржал состанок

Коњановски: Енергетска фасада и нов систем за греење за ОУ „Стив Наумов“ во Битола

Во битолското ОУ „Стив Наумов“ денеска беа извршени примопредавање и технички преглед на поставените топлински пумпи, кои треба да го заменат досегашното греење со екстра лесно масло. Во присуство на градоначалникот на

„Фајненшел тајмс“ предупредува на недостиг на бакар од 2028 година – Македонија има значајно наоѓалиште во Иловица

Светот се подготвува за недостиг на бакар што може да ги погоди некои од најважните индустрии, од обновливите извори на енергија и електричните автомобили до вештачката интелигенција и одбранбениот сектор. Во анализа

Проданоски: Го чуваме квалитетот на прилепскиот тутун и традицијата на тутунопроизводството

Во Прилеп денеска се одржува Ориенталниот тутунски форум ITGA 2026, во организација на Меѓународната асоцијација на производители на тутун, во соработка со UNITAB и Сојузот „Мака на тутуноберачите“ – Прилеп. Форумот обединува
Go toTop