Ковачевски: Комплимент за Владата е што Мицкоски бара избори во мај

January 12, 2023
2 mins read

Комплимент е затоа што веројатно смета дека Владата одлично се справува и со економската и енергетската криза бидејќи енергетската криза завршува на 30 април, а тој бара избори во мај, што значи дека јас можам само да му се заблагодарам на довербата од мое и од име на министрите од економските ресори, рече Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања за време на посетата РЕК „Битола“. Тој повторно нагласи дека неговиот став е многу јасен, а тоа дека избори ќе има во редовниот термин во 2024 година

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ги негираше тврдењата на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека има сигнали од пратеници на власта кои поддржуваат предвремени избори, воедно додавајќи оти е комплимент за Владата што тој бара избори во мај, а не во зима, затоа што очигледно смета дека власта добро се справува со енергетската и економската криза.

Ковачевски повторно нагласи дека неговиот став е многу јасен, а тоа е дека избори ќе има во редовниот термин во 2024 година.

„Сигнали од пратеници нема. Мицкоски не знам по кој пат поставува барање за предвремени избори. Јас имам многу јасен став бидејќи јас не ги менувам моите ставови како него на една недела, а тоа е дека избори ќе има во 2024 година во редовниот термин, зашто се наоѓаме среде економска и енергетска криза. Тоа што тој бара избори во мај, всушност, е и комплимент за владата, бидејќи не сака избори во зима – тој не сака да се справува со енергетска криза и економска криза. И комплимент е затоа што веројатно смета дека Владата одлично се справува и со економската и енергетската криза, бидејќи енергетската криза завршува на 30 април, а тој бара избори во мај што значи дека јас можам само да му се заблагодарам на довербата од мое и од име на министрите од економските ресори“,

рече Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања за време на посетата РЕК Битола.

Премиерот потсети дека С Македонија е земја која годинава претседава со ОБСЕ, а во тек е и скрининг-процесот со Европската Унија и нема поради, како што рече, партиските желби на Мицкоски за избори државата да ги прекинува овие два важни процеси.  

„Ние сме земја која претседава со ОБСЕ, така да имаме важна улога. Исто така имаме скрининг процес кој се одвива и треба да заврши во ноември и сигурно заради желбата на Мицкоски да оди на избори и да не работи ништо нема да прекинуваме скрининг процес, нема да прекинуваме претседавање со ОБСЕ за да удоволуваме на неговите партиски желби да оди на избори. Избори значи ќе има во 2024 година. На претседателските избори во 2024 година ќе победи кандидатот кој ќе биде предложен од Социјалдемократскиот сојуз и коалициските партнери, а европска коалиција која ќе ја однесе државата во полноправно членство во Европската Унија ќе победи на парламентарните избори после претседателските“,

рече Ковачевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пред Нова година во изјава за медиумите им даде нов импулс на барањата на неговата партија за предвремени избори, овој пат засилувајќи ги со тврдење дека се охрабрени од тоа што има пратеници од коалицијата која е во владата на „ДУИ поддржана од СДСМ“ што веќе праќаат јасни сигнали дека се подготвени да поддржат распуштање на парламентот и организирање на предвремени парламентарни избори.

Ваквите тврдења од страна на опозициската партија продолжија и по Нова година, а како датуми кога би се одржале предвремените избори, Мицкоски ги посочи 14 и 21 мај.

За пратениците од владејачката коалиција за кои тврди дека се подготвени да поддржат распуштање на парламентот и распишување на избори, Мицкоски и натаму останува на ставот дека не може да соопшти повеќе детали поради можни притисоци врз овие луѓе.

Како краен период кога работите треба да станат појасни тој го наведе крајот на овој и почетокот на следниот месец.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

И онака немаше да јадете во Нома

Следно

Шпанија се откажа од обвиненијата за бунт против поранешниот каталонски лидер Пуџдемон

Latest from Blog

„Одисеја“ го надмина „Опенхајмер“- новиот филм на Нолан урива рекорди уште со трејлерот (ВИДЕО)

Оваа бројка не само што го покажува огромниот интерес на публиката, туку поставува и нови стандарди во промоцијата на филмските наслови. Успех што го засени Опенхајмер Интересно е што трејлерот за „Одисеја“

Божиќната фотографија на Меланија и Доналд Трамп предизвика дебата на мрежите: Честитката е „студена“

Претседателот на САД и првата дама стојат држејќи се за раце во Белата куќа, зад нив прекрасна елка и украси што светкаат. И двајцата се врамени со американското и претседателското знаме. Сè

Најмалку десет мртви, повеќе од 20 повредени во експлозија во џамија во Нигерија

Најмалку десет лица загинаа денес кога, според нигериските власти, бомбаш самоубиец активирал експлозивна направа за време на молитва во џамија во градот Мајдугури, главниот град на државата Борно во Нигерија, изјавија безбедносни
Go toTop