Screenshot

ВЛЕН: ДУИ функционира како политбиро, нервозата во партијата расте

August 17, 2026
1 min read

ДУИ веќе не можат да ја сокријат нервозата. Дури и луѓе од нивните редови јавно признаваат дека партијата функционира како политбиро. Тесен круг крои приказни, дели улоги и очајно се обидува да создаде впечаток дека сè е под контрола. Но работата одамна им е излезена од раце, тврди ВЛЕН во денешната реакција.

-Еднаш не сакаат ни името да му го спомнат, потоа велат дека против Артан Груби нема докази. Али Ахмети, пак, демек му кажал да одговара ако ја злоупотребил неговата доверба, а веднаш потоа да рече дека „првото нешто“ е Груби да биде ослободен од куќен притвор.

Па добро, која приказна сега важи?

На Ахмети очигледно не му излегува есапот. Ако застане зад Груби, го презема политичкиот товар од сè што може да излезе во судницата. Ако го пушти низ вода, ризикува „црната кутија“ да се отвори и да проговори за сè што со години се случувало во врвот на ДУИ.

Затоа нервозата расте. Едни се плашат дека Груби ќе прозбори. Други пресметуваат кого може да повлече со себе. Трети веќе гледаат кој ќе биде фрлен курбан за да се спаси врвот. И додека Ахмети се заплеткува во сопствените приказни, Бујар Османи и натаму чека во низок старт.

Дали Бујар го мери моментот кога да тргне кон лидерската фотелја или прво сака да види што сè може да излезе од „црната кутија“?

За случајот со Груби ќе одлучат институциите во кои од ДУИ до вчера се колнеа. Но лицемерната ДУИ ги признава само кога одлучуваат по нејзин есап. Нека престанат да глумат и нека кажат која од нивните приказни важи, велат од ВЛЕН.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиновска: Македонија се поврзува со нови извори на гас преку Грција и Србија

Следно

Шест критични и три починати од западнонилска треска

Latest from Blog

ВИДЕО – Проданоски: Инвестираме во патната врска меѓу Прилеп и Долнени

Се рехабилитира локалниот пат што поминува низ Мажучиште и ги поврзува општините Прилеп и Долнени, во должина од околу два километра, информира градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според него, делницата има значајна

Петмина загинати во поплави во Турција – издадено предупредување за 45 провинции

Турската генерална дирекција за метеорологија издаде жолто и портокалово предупредување за 45 провинции, вклучително и за Истанбул, поради најавените обилни врнежи и силен ветер, објавија турските медими. Поради опасноста од ненадејни поплави,

Меџити: Продолжуваме со реализацијата на мастер-планот за урбан развој на Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со урбанистот и архитект од Турција, Бајрам Вардар, изврши теренски увид во реализацијата на проектите опфатени со мастер-планот за урбан развој на општината. При посетата

Владимир Путин издаде наредба: Ќе се обновуваат објектите оштетени во терористичките напади

Ова беше објавено денес на веб-страницата на Кремљ. Наредбата е дел од листата на наредби одобрени од Путин по состанокот на Советот за стратешки развој и национални проекти, одржан на 19 август,

Владимир Путин издаде наредба: Ќе се обновуваат објектите оштетени во терористичките напади

Ова беше објавено денес на веб-страницата на Кремљ. Наредбата е дел од листата на наредби одобрени од Путин по состанокот на Советот за стратешки развој и национални проекти, одржан на 19 август,
Go toTop