Битка за критични минерали: САД инвестираат милијарди за намалување на зависноста од Кина

August 13, 2026
1 min read

Американскиот претседател Доналд Трамп и најави три милијарди долари нови инвестиции во рударството, со цел САД да ја намалат зависноста од Кина за критични минерали.

Од целиот пакет, една милијарда долари ќе биде вложена во проект за ископ на бакар.  Трамп порача дека рударството повторно станува државен приоритет и дека САД сакаат да ја вратат позицијата на минерална суперсила. Повеќе од една милијарда долари треба да бидат обезбедени за проектот „Санта Круз“ во Аризона, а Трамп тврди дека процедурите за рударски дозволи се скратени од три до пет години на само 25 дена.

Најавувајќи ги новите инвестиции, Трамп нагласи дека критичните минерали се стратешки ресурси за американската економија и безбедност – одбранбената индустрија, автомобилската индустрија и современите технологии зависат од нив.

-Ги враќаме рударите назад на работа и ја потврдуваме позицијата на Америка како светска минерална суперсила. Голем дел од затворените рудници повторно ќе се активираат, а и многу нови рудници се градат. Во последните 18 месеци нашата администрација потпиша и одобри 160 договори за ископ на минерали, во вредност од 40 милијарди долари. Затоа, сега во САД се отвораат рудници на брза трака. Ова не се случило од 50-тите години на минатиот век,- Доналд Трамп – претседател на САД .

Додека светските сили ги забрзуваат инвестициите во критични минерали, Македонија се уште не го користи целосно сопствениот потенцијал.

Единствениот голем проект за бакар е „Иловица-Штука“, вреден над 350 милиони евра, со години е во застој. Според инвеститорот,  во услови кога цената на бакарот надминува 14 илјади долари за тон, проектот може да донесе значителни економски придобивки.

Според истражувањата на „Еуромакс Ресурсис“, наоѓалиштето располага со над 700 илјади тони руден концентрат и има потенцијал за годишен извоз од повеќе од 10 илјади тони бакар во период од две децении.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дрва нема, ама нови згради има, градежен бум во Скопје

Следно

Шпанскиот Суперкуп ќе се игра во Истанбул

Latest from Blog

„КУМОТ НА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА“ АЛАРМИРА за ризиците од сајбер-напади и нови вируси

Нобеловецот предупредува дека напредната вештачка интелигенција може да предизвика катастрофални последици преку сајбер-напади, дезинформации и развој на опасни вируси Џефри Хинтон, добитник на Нобеловата награда за физика за 2024 година, рече дека

Светските развојни банки ја засилуваат поддршката за критичните суровини, ЕБОР веќе присутна во Иловица

Мултилатералните развојни банки воспоставија нова рамка за соработка со цел да ја зајакнат поддршката за снабдувањето со критични суровини, од ископ на руда и преработка до производство и рециклирање. Меѓу институциите што

Македонскиот бизнисмен Никола Андреевски на вечера со Доналд Трамп во Мар-а-Лаго

Никола Андреевски, еден од истакнатите македонски претприемачи во Соединетите Американски Држави и добитник на признанието „Бизнис елит – 40 под 40“, присуствуваше на вечера на имотот Мар-а-Лаго во Флорида, каде што лично
Go toTop