Screenshot

„И Здравје и работа“: Рударството паѓа, инвестициите стојат – државата мора да го ослободи развојниот потенцијал на Македонија

August 8, 2026
1 min read

Најновите податоци на Државниот завод за статистика се уште едно сериозно предупредување дека македонското рударство не смее повеќе да биде оставено на маргините на економскиот развој.

Додека вкупното индустриско производство во јуни 2026 година пораснало за 6,5% во однос на истиот месец лани, производството во секторот „Рударство и вадење камен“ бележи пад од 3,8%. 

Од „И здравје и работа“ сметаат дека овие бројки треба да бидат повик за сериозно преиспитување на односот на институциите кон рударскиот сектор.

Македонија има минерални ресурси, има стручни кадри и има заинтересирани инвеститори. Она што недостига е навремено институционално дејствување и создавање услови инвестициите да се реализираат во согласност со законите и највисоките стандарди за заштита на животната средина.

Повеќе од четири децении во земјата не е реализирана голема инвестиција во металичното рударство, а постојните капацитети постепено се соочуваат со исцрпување на ресурсите. Во исто време, глобалната побарувачка за бакар расте, а цената на овој метал надмина 14.000 долари за тон, што дополнително ја зголемува стратешката и економската вредност на домашните ресурси. 

Во такви услови, проектот за рудникот за бакар „Иловица–Штука“ претставува една од најзначајните инвестициони можности за македонската економија. Според податоците објавени во медиумите, почетната инвестиција се проценува на околу 340 милиони евра, со потенцијал за значаен придонес кон БДП и извозот. 

Од „И здравје и работа“ порачуваат дека државата не смее да дозволи Македонија да остане само набљудувач на глобалниот натпревар за критични минерали.

„Не бараме привилегии за ниту еден инвеститор. Бараме институциите да си ја завршат својата работа – да ги применат законите, да ги проверат сите еколошки и технички услови и, доколку тие се исполнети, да овозможат инвестициите да се реализираат,“ велат од иницијативата.

Од иницијативата истакнуваат дека заштитата на животната средина и економскиот развој не смеат да се поставуваат како спротивставени цели. Современото рударство мора да се реализира со строги еколошки стандарди, континуиран мониторинг и целосна институционална контрола.

„И здравје и работа“ упатува повик до Владата и надлежните институции да не дозволат стравот, шпекулациите или јавниот притисок да го заменат законското и стручното одлучување.

Македонија не смее да ги пропушта инвестициите во момент кога светот се соочува со зголемена побарувачка за бакар и други критични минерали. Доколку проектите ги исполнуваат сите законски, технички и еколошки услови, државата има обврска да создаде услови тие да се реализираат.

Падот од 3,8% во рударството не треба да биде само статистички податок. Треба да биде сигнал дека е време за нов инвестициски циклус, нови работни места и активирање на ресурсите со кои Македонија располага.

Време е државата да ги ослободи инвестициите, да го искористи својот минерален потенцијал и да обезбеди развој – со знаење, со закон и со максимална заштита на животната средина.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претседателот на Баерн со критика другите тимови од Бундеслигата

Следно

Уличните кучиња го чинат градот 46 милиони денари, Лајка во рок од 6 месеци добива над 700 пријави за заловување

Latest from Blog

Израел се закани: Доколку Хамас киднапира еден заложник, насилно ќе евакуираме милион граѓани на Газа

Кац рече дека неговата закана доаѓа по разузнавачките информации за можни потези на Иран, Турција и нивните сојузници, вклучително и Хамас, пишува The Jerusalem Post. Тој тврди дека Израел сака да користи

ЕВН: Набавката на броила поминала низ утврдена постапка и проверка на сите критериуми

Во однос на самата постапка, од ЕВН Македонија нагласуваат дека набавката била спроведена согласно законските прописи и однапред утврдените процедури. „ЕВН Македонија ја спроведе постапката за набавка на броила во целосна согласност

По пукањето во Маниса приведени малолетникот, неговите родители и дедо му – 11 се ранети

Гурлек соопшти дека малолетникот кој пукал пред училиштето е приведен, како и неговите родители и дедо му. Инцидентот се случил околу 8 часот наутро по локално време во градот Тургутлу, во близина
Go toTop