НА ПОВИДОК Е ДОГОВОР ЗА ОРМУНСКИОТ ТЕСНЕЦ – Американски функционер : Се отвара клучниот воден пат и се обновува извозот на нафта

August 8, 2026
1 min read

На повидок е договор за Ормунскиот Теснец, кој наскоро би можел да овозможи повторно отворање на овој клучен воден пат и да го обнови извозот на нафта, прекинат за време на петмесечната војна меѓу САД и Иран. Како што вчера објави анонимен американски функционер, постигнат е сериозен напредок во разговорите меѓу Иран и Оман, при што Вашингтон очекува брзо решение кое конечно ќе го врати во нормала поморскиот нафтен сообраќај.

Договорот меѓу Иран и Оман за контрола на стратешкиот воден пат се смета за клучен за постигнување поширок мировен договор.

„Постигнат е напредок меѓу Оман и Иран во врска со Ормуз и наскоро очекуваме договор“, изјави вчера американскиот функционер, пренесен од британските медиуми.

„Откако ќе биде објавен договор што ќе овозможи непречено продолжување на комерцијалниот поморски сообраќај, САД ќе ја укинат блокадата на иранските пристаништа. Како и секогаш, потезите на САД ќе продолжат да зависат од спроведувањето на договорот и да бидат поврзани со исполнувањето на обврските на Иран“, додаде функционерот.

Пред САД и Израел да започнат војна против Иран на 28 февруари, приближно една петтина од вкупната потрошувачка на нафта во светот минуваше низ Ормуската Теснина. Меѓутоа, Иран го искористи конфликтот за наплата на такси за танкерите за нафта и отвора оган врз бродовите што се обидуваа да поминат низ теснината без дозвола.

Прекините во снабдувањето со нафта предизвикаа нагло зголемување на цените на енергијата и ја поттикнаа инфлацијата.

Во последните недели, администрацијата на Трамп постојано сигнализираше дека договорот за отворање на теснината може да биде блиску, но Иран секој пат негираше дека преговорите се во тек. Сè уште не е јасно дали најновите интензивни дипломатски напори ќе резултираат со трајна спогодба.

Нападите на Иран врз бродовите во Ормуската Теснина беа придружени со зголемени напади од страна на неговите јеменски сојузници – Хутите, кои ги гаѓаат бродовите на друга важна транспортна рута за нафта од другата страна на Арапскиот Полуостров помеѓу Црвеното Море и Аденскиот Залив.

Националната нафтена компанија Абу Даби, еден од најголемите светски производители на енергија, вчера соопшти дека 15 нејзини бродови биле погодени во, како што ги нарече, неиспровоцирани напади додека пловеле низ Ормуската Теснина од почетокот на конфликтот. Во нападите, наведуваат од компанијата, еден член на екипаж бил убиен, а 20 други биле ранети.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Aктивни се два пожари, четири се изгаснати

Следно

Претседателот на Баерн со критика другите тимови од Бундеслигата

Latest from Blog

„И Здравје и работа“: Рударството паѓа, инвестициите стојат – државата мора да го ослободи развојниот потенцијал на Македонија

Најновите податоци на Државниот завод за статистика се уште едно сериозно предупредување дека македонското рударство не смее повеќе да биде оставено на маргините на економскиот развој. Додека вкупното индустриско производство во јуни

Претседателот на Баерн со критика другите тимови од Бундеслигата

ФОТО: FC Bayern Munich/fb Претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хајнер, ги критикуваше клубовите од Бундеслигата дека не прават доволно за да ја промовираат лигата во странство преку странски турнеи. 72-годишникот зборуваше на

Aктивни се два пожари, четири се изгаснати

Центарот за управување со кризи извести дека денеска до 13 часот, регистрирани се вкупно шест пожари на отворен простор, од кои активни се два, а четири пожари се изгаснати. Активни: Општина Арачиново:

Божиновска: Создаваме решенија за енергетска сигурност што ќе траат со децении (ВИДЕО)

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска порача дека одлуките во енергетскиот сектор мора да се носат врз основа на факти, темелни анализи и стручно знаење. „Во енергетиката, секоја одлука

Пустец се соочуваат со недостаток на инвестиции во инфраструктура

Жителите на Пустец продолжуваат да се соочуваат со недостаток на инвестиции во инфраструктура, сметајќи ја состојбата на патиштата како еден од најголемите проблеми што го попречуваат економскиот и туристичкиот развој на областа
Go toTop