Војната помеѓу САД и Израел од една и Иран од друга стана, за само седум месеци од нејзиниот почеток се трансформира и според целите, и според методите по кои се води.
Нападите почнаа на 28 февруари 2026 година, кога Соединетите Американски Држави и Израел извршија координарани воздушни напади врз ирански воени и нуклеарни постројки, означувајќи го почетокот на тековниот конфликт кој е се уште во тек иако седум пати се прогласуваше примирје и запирање на нападите.
Целта на нападите од страна на Израел и САД беше уништување на капацитетите на Иран за производтсво на нуклеарно оружје. По нападите од страна на САД беше соопштено дека капацитетите се фундаметнтално оштетени, а Иран не може да ги обнови уште најмалку пет до седум години.
Но, војната продолжи со ирански напади врз Израел, врз американската морнарица во регионот, како и врз американските сојузници во регионот: Сауди Арабија, Арапски Емирати, Кувајт, Катар… а последно и во Јордан, и уништување на американските воени бази и инфраструктурата во арапските сојузници на САД.
Штетата на двете завојувани страни е огромна, арапските држави се економски и комуникациски блокирани, а САД потроши скоро половина од својот ракетен арсенал за вакви форми на војување.
По инфраструктурата и воените бази иранците почнаа да ги напаѓаат и големите американски компании, особено од инфоирматичкиот бизнис како што е Амазон, кои се лоцирани во регионот.
Организацијата Трамп го проширува своето присуство во луксузни недвижности низ Оман, Саудиска Арабија и Катар преку големи партнерства за брендирање и лиценцирање, претежно со меѓународниот луксузен инвеститор Дар Глобал. Овие инвестиции обично вклучуваат хотели, брендирани резиденции и шампионски голф терени.

Сега најавуваат дека ќе ги напаѓаат и личните имоти на семејството Трамп и неговите локални пртнери, па објавени се и конкретните локации и попис на имотите кои тие ги поставиле за цел:

▪️Trump International Golf Club Dubai — Damac Hills, Дубаи, Арапски Емирати;
▪️Trump International Hotel & Residential Tower Dubai — Дубаи
▪️Trump Plaza Tower Jeddah — Саудиска Арабија;
▪️Trump Tower Riyadh — Саудиска Арабија;
▪️Trump International Golf Club Wadi Safar — Саудиска Арабија;
▪️Trump International Golf Club & Villas Semaisma — Семаисма, Катар;
▪️Trump International Hotel Oman — Маскат, Оман.

Останува да се види дали нападите врз имотот на Трамп во Сауди Арабија, Катар и Оман ќе имаат влијание вра неговите понатамошни одлуки за војната и ќе бидат чекор до вистинско, релно примирје.
Извор: vecer.mk

