ИЗГОРЕНИ АВТОМОБИЛИ, ЗАТВОРЕНИ ПЛАЖИ И УЛИЦИ ПРЕПОЛНИ СО ОТПАД – Фнидек во хаос по мигрантскиот бран кон Сеута

August 4, 2026
2 mins read

Фидек е под засилени безбедносни мерки откако масовно движење на мигранти кон шпанската енклава Сеута го наруши мирот во ова крајбрежно место. Плажите се затворени со бариери, а вооружени марокански полицајци се распоредени низ градот и по околни карпи во обид да го контролираат подрачјето. 

Сирените на амбулантните возила, полициските свирежи, вревата на
многубројните млади мажи и смрдеата на измет и на изгорени автомобили – сето
тоа доминира со сликата во Фнидек, соседниот град на Сеута на
северноафриканскиот брег, пишува АРД.

Фнидек вообичаено е мирно приморско одморалиште со поглед кон
Сеута, шпанскиот град кон кој минатата недела се упатија десетици илјади
мигранти. Денес Фнидек е град во вонредна состојба: плажите се оградени со
бариери, а вооружени припадници на мароканската национална полиција се
распоредени на секој агол и на секоја карпа.

Сонот за живот во
Европа

Полицаец му
наредува на 25-годишниот Хамза да се оддалечи од плажата. Но, младиот човек од
Тангер воопшто не сака да го напушти градот. За него, Фнидек и натаму
претставува отскочна штица кон подобар живот. Вели дека во саботата повторно се
обидел да преплива до Сеута.

– Се обидов повторно, но кога пристигнав, ме тепаа шпанските
војници, а потоа и мароканските полицајци – раскажува Хамза.

Тој тврди
дека го принудиле да се врати назад пливајќи. Неговите искинати панталони
напладне сè уште се мокри, телефонот го изгубил во морето, а колената и лактите
му се изгребани. Сепак, Хамза вели дека повторно ќе се обидува да стигне до
Сеута, и покрај пловечките бариери, оградите и засилените контроли.

Заработката
од работата во текстилната индустрија, вели тој, е смешно мала, а негов сон е
животот во Европа.

– Станува сè потешко, и за оние што веќе стигнале до Сеута и за
нас што сме сè уште тука. Полицијата сака да го напуштиме Фнидек, сакаат да го
испразнат градот за воопшто да не можеме да тргнеме кон Сеута – вели Хамза.

„Со нас постапуваа како
со улични мачки“

Некои од
младите мажи раскажуваат дека полицијата ги бркала, им се заканувала со мечеви
и дека никој не сакал да им продаде храна, поради што гладувале. Стотици, ако
не и илјадници луѓе, се искачуваат по карпите зад граничната ограда зајакната
со НАТО-жица.

Сите тие се
враќаат од Сеута, на местото од каде што тргнале и каде што на плажата сè уште
лежи облеката на оние што се обиделе да препливаат до шпанската територија.
Многумина загинаа, а бројот на жртвите би можел дополнително да се зголеми кога
морето ќе ги исфрли телата на исчезнатите.

Младата
Хажине од Фес е среќна што останала жива. Вели дека никогаш повеќе нема да се
обиде да го повтори истото и дека морала да спие на улица. Дваесет и
едногодишната студентка со мопед патувала од Фес до Фнидек, а потоа запливала
кон Сеута.

Таму ги
сретнала својот вујко и сестра си, кои заедно со толпата ја преминале границата
пеш. Сите поверувале во приказната што се ширела на социјалните мрежи дека
Сеута е отворена за сите.

Хажине плаче
додека раскажува. Како и многумина тој ден, делува трауматизирано, како човек
што преживеал природна катастрофа.

– Се вратив затоа што со нас постапуваа како со улични мачки.
Немаше што да се јаде, а сите продавници беа затворени – вели таа.

Сега малкуте
места под сенка во Фнидек се преполни со големи групи, претежно млади мажи,
исцрпени и честопати очајни. И тука тешко доаѓаат до храна, дури и кога имаат
пари.

Многу
кафулиња и ресторани се забарикадирани, наводно поради страв од грабежи од
гладната толпа. Другите локали строго контролираат кого пуштаат внатре и ги
одбиваат младите мажи. Во секој случај, не можат да им понудат многу повеќе од
едно еспресо, бидејќи и дел од персоналот заминал кон Сеута и сè уште не се
вратил на работа.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење

Следно

Феран Торес: Барса мора да покаже дека ме сака!

Latest from Blog

Феран Торес: Барса мора да покаже дека ме сака!

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/ Шокантни беа најавите дека Феран Торес би можел да си замине од Барселона и да направи трансфер во ПСЖ. Неговата ситуацијата многу се промени по Светското првенство бидејќи тој беше херој

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти дека водата за пиење во главниот град е безбедна и ги исполнува сите законски стандарди за квалитет. Според неделниот лабораториски извештај, во периодот од 27
Go toTop