Си-Ен-Ен: ИРАН ЈА ПРОНАЈДЕ СЛАБАТА ТОЧКА НА ГЛОБАЛНАТА ЕКОНОМИЈА! Загрозени милијарди долари

August 4, 2026
1 min read

Иранската стратегија да ѝ се спротивстави на воената моќ на САД и нивните сојузници преку нанесување економска штета откри чувствителна точка на глобалната економија, центрите за податоци за вештачка интелигенција, пишува CNN.

По години насочување на нападите кон рафинерии, нафтоводи и туристички атракции во соседството, Техеран ја насочи својата огнена моќ кон инфраструктурата која ги движи клучните технологии на иднината. Иран и САД досега извршија напади врз најмалку пет центри за податоци во регионот, вклучувајќи го и неодамнешниот повторен ирански ракетен напад врз центарот на Amazon (AWS) во Бахреин. Сателитските снимки потврдија големи оштетувања на тој објект.

Додека сајбер-нападите врз центрите за податоци со години се вообичаени, нивното физичко уништување со проектили и дронови е новост од оваа година. Иранската револуционерна гарда објави листа од 29 технолошки мети во регионот, меѓу кои се и локации во сопственост на гиганти како Amazon, Google, Microsoft, Nvidia и Palantir. За Техеран, ова се легитимни воени цели бидејќи овие компании обезбедуваат услуги за американските воено-разузнавачки проекти.

Угрозени над два трилиони долари инвестиции

Овие напади не ги погодуваат само САД, туку и земјите од Персискиот Залив кои се позиционираа како трет глобален AI центар, покрај САД и Кина. Саудиска Арабија вложува огромен дел од својот државен фонд во AI, додека Обединетите Арапски Емирати со САД го договорија проектот „Stargate“, вреден 500 милијарди долари. Вкупно, земјите од Заливот ветија повеќе од два трилиони долари во AI инвестиции, под услов да ги прекинат технолошките врски со Кина.

„Нападите го нарушуваат доверието во регионот кој требаше да биде клучен за AI иновациите. Исто така, јасно ја покажаа улогата на овие компании во војувањето и до каде е подготвен да оди Вашингтон за да ги заштити“, истакнува Хелима Крофт, шефица за глобална стратегија во RBC Capital Markets.

Експертите предупредуваат дека линијата меѓу военото и цивилното овде е невидлива: на објектите не пишува „воени податоци“, а истите сервери истовремено ги движат и приватниот бизнис и воените операции.

„Од иранска перспектива, кога го гледаат Amazon, како да гледаат нацртано американско знаме“, сликовито опишува Ендру Реди, професор од Беркли.

Скок на цените за осигурување и неодлучност кај инвеститорите

Прашањето е како да се заштитат овие објекти кои во основа се големи магацини со исклучително скапа опрема. Физичката заштита од проектили и дронови е речиси невозможна, па системите се потпираат на редундантност — автоматско префрлање на податоците и компјутерската моќ на друга локација во случај на уништување.

Иако Заливските земји и понатаму располагаат со огромен капитал, странските технолошки гиганти сега двапати размислуваат за нови градби во регионот каде што нивниот имот не е безбеден. Дополнителен проблем се трошоците за осигурување кои отидоа во таван, додека одделни осигурителни компании целосно одбиваат да ги покријат.

Уз веќе постојниот скок на цените на микрочиповите, градежниот материјал и работната сила, градбата на центри за податоци во Заливот стана ризик кој многу компании повеќе не сакаат да го преземат — особено кога на покривот им е нацртана мета, заклучува CNN.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Метеж на границите: На „Табановце“ за влез се чека 30 минути, на „Богородица“ за излез околу еден час

Следно

Начевски: Рударството денес не е исто како порано – Иловица е пример за проект со подобрени еколошки решенија

Latest from Blog

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ

Општина Битола: До 19 ноември може да предложите волонтер или волонтерска акција за локална награда

Локалниот совет за волонтерство на Општина Битола ги поканува сите волонтери и организатори на волонтерска работа, кои во 2026 година оствариле значителен придонес во областа на волонтерството да се пријават на повикот

Канадски министер за енергетика: Рударството влегува во најголемиот инвестициски суперциклус во историјата

Светот влегува во досега најголемиот инвестициски суперцикл во историјата на металургијата и рударската индустрија, изјави канадскиот министер за енергетика и природни ресурси, Тим Хоџсон, за време на неговото обраќање во Лондон. Според него,

Рударството во пад: Димов повикува на развој заснован на знаење и стручност

Падот на индустриското производство во рударскиот сектор продолжува и во септември, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во услови кога вкупното индустриско производство во државата бележи раст од 2,4%, рударството

Ракометната федерација на Македонија со остра реакција по мечот со Грција: Кратенката НМКД е неприфатлива

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) најави дека ќе поднесе официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и до Ракометната федерација на Грција поради кратенката што беше употребена во телевизискиот пренос од натпреварот
Go toTop