Се прочистува и финализира списокот на држави во кои ќе се депортира “вишокот“ мигранти од Европската унија, пред се оние дојдени од Азија и Африка.
На состанокот на Советот на ЕУ на 4 август, Италија ќе предложи формирање центри за сместување и репатријација на нелегални мигранти надвор од територијата на Унијата, по примерот на таканаречениот „албански модел“ кој Италија и го постави на Албнија.
Центрите би биле финансирани од средства на ЕУ, а повеќето би биле лоцирани во африкански земји.
Прелиминарниот список ги вклучува: Руанда, Гана, Сенегал, Тунис, Либија, Мавританија, Египет, Уганда, Етиопија, како и Узбекистан, Ерменија и Црна Гора.
Во исто време, 22 земји-членки на ЕУ повикаа на зајакнување на надворешните граници на Унијата, построги мерки против нелегалната миграција и итна видеоконференција на министрите за внатрешни работи во врска со миграциската криза во Шпанија.
Извор: vecer.mk

