Коњановски од Трново: Да се вратиме дома и заедно да ја развиваме Македонија

August 2, 2026
1 min read

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, се обрати на 55. Семакедонска средба што традиционално се одржа во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во потпелистерското село Трново, испраќајќи порака за единство, зачувување на традицијата и зацврстување на врските со македонските иселеници.

Манифестацијата, која традиционално ја организираат Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија од Битола, Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „Македон“ и Светскиот Македонски Конгрес, и годинава собра голем број посетители од Македонија, соседните земји и македонската дијаспора.

Во своето обраќање, Коњановски истакна дека Општина Битола и понатаму ќе биде силен поддржувач на оваа значајна манифестација, која претставува препознатливо обележје на градот и симбол на поврзаноста со иселениците.

„Културата, традицијата, меѓусебното почитување и зајакнувањето на нашите врски на соработка и разбирање нè прават уште посилни пред предизвиците на денешницата“, порача градоначалникот.

Тој упати добредојде до сите Битолчани, Македонците од соседните земји и иселениците од Европа и прекуокеанските држави, нагласувајќи дека Битола отсекогаш била препознатлива како печалбарски крај, но дека желбата е миграциите да останат дел од минатото.

Коњановски изрази надеж дека оние кои денес живеат и работат во странство, во иднина ќе се вратат во родниот крај и ќе го вложат своето знаење и професионално искуство во развојот на Битола и Македонија.

„Нема подобро од родниот крај, кој ви подава рака за враќање назад во татковината. Општина Битола ќе ги негува и унапредува културните врски со иселениците од Македонија“, истакна Коњановски, честитајќи го големиот празник Илинден.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелските одбранбени сили го ликвидирале водачот на ќелијата на Хамас, која го нападна Нир Оз на 7 октомври 2023

Следно

Николоски: Илинден е доказ за вековната борба на македонскиот народ, а денес Македонија ја градиме со проекти, автопати и железници

Latest from Blog

Николоски: Илинден е доказ за вековната борба на македонскиот народ, а денес Македонија ја градиме со проекти, автопати и железници

Од Крушево, градот-симбол на Илинден и македонската државност, заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски упати празнична порака по повод 2 Август – Илинден, нагласувајќи дека овој датум претставува симбол

Израелските одбранбени сили го ликвидирале водачот на ќелијата на Хамас, која го нападна Нир Оз на 7 октомври 2023

 Како што е осоопштено, терористот на Хамас, кој го нападна кибуцот Нир Оз во јужен Израел за време на нападот на 7 октомври 2023 година, е убиен во израелски напад врз јужниот

Мицкоски: Илинден е најсилниот доказ дека постојат народи кои можат да бидат окупирани, предавани, потценувани, но никогаш не можат да бидат покорени

Пелинце, 2 август – Илинден не е само датум, тој е и завет, но и карактер. Илинден е најсилниот доказ дека постојат народи кои можат да бидат окупирани, можат да бидат напаѓани, можат

Go toTop