Османи ќе го посети Киев во средината на јануари

January 4, 2023
1 min read

Првата моја посета како претседавач со ОБСЕ ќе биде на Украина, најави денеска на брифинг со новинарите шефот на дипломатијата Бујар Османи.

– Планирам првата посета како претседавач на ОБСЕ да ми биде Украина, затоа што реков Украина веројатно ќе го доминира претседавањето иако се надевам дека ќе се сменат околностите во текот на годината, па ОБСЕ ќе има една поинаква улога во воспоставувањето на мирот и прекинување на агресијата. Меѓутоа планирам некаде во средина на јануари првата поасета да ми биде Киев, откако ќе ги презентирам на 12 јанаури во Виена приоритетите на претседавањето, рече Османи.

Османи потсети дека во моментов во Украина нема мисија на ОБСЕ затоа што Русија стави вето на мисијата, а земјава како претседавач ќе треба да најде начин повторно да ја врати Организацијата во Украина.

Според него, сега ќе треба вештина, ќе треба дипломатија, активност како сите различни ставови различни да се претворат во одлуки коишто ќе бидат важни за одржување на организацијата.

-Мислам дека нема таква дилема дали ОБСЕ треба да постои, и САД и Русија и Азербејџан и Ерменија сметаат дека ОБСЕ треба да постои, рече Османи.

Османи ги објасни сложените меѓународни односи, нарушената безбедносна архитектура на Европа и, како што рече, активната воена агресија на една земја – членка врз друга земја – членка на Организацијата како посебен предизвик за враќање на функционалноста на самата организација.

-И тоа не е лесно. Тоа е многу тешко, и да бидам вака директен – тоа е најтешката работа во политиката. Да најдете начин да убедите две страни на дијалог, на разговор и во обичниот живот е тешко, а во политиката уште потешко. Но, секогаш има едно но; колку и да се страните заробени во своите политички ровови, обичните луѓе, граѓаните, цивилите – тие сакаат мир и стабилност. И тоа е нашата почетна позиција – луѓето; за луѓето се работи. Ако треба ќе одиме директно на терен кон луѓето за да ја земеме таа порака и да ја внесеме во дипломатските релации, во меѓународните односи, рече Османи.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Општина Кисела Вода донираше книги напишани со Брајово писмо за децата од „Димитар Влахов”

Следно

Се собираа лисја низ парковите во општина Чаир

Latest from Blog

Во случај на отказ, Нагелсман ќе добие 14 милиони евра!

ФОТО:.facebook.com/DFBTeamEN/ Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман, се обезбеди во случај да добие отказ по Светското првенство. Тоа лесно може да се случи, бидејќи четирикратните светски шампиони веќе беа сопрени во 1/16 финалето.

Гаши-Папуашвили: Во периодот што следи да се интензивира соработката меѓу двете држави

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, кој од 30 јуни до 1 јули 2026 г. е во официјална посета на Грузија, денеска имаше средба со претседателот на Парламентот на

Светски економски форум: Македонија со раст од 14,5% во чистата енергија

Додека глобалната енергетска транзиција забавува под притисок на геополитичките кризи, високите инвестициски трошоци и недоволно развиената инфраструктура, Македонија е меѓу државите што годинава бележат најголем напредок во развојот на чистата енергија. Ова

Меџити: Објавен јавниот повик за поставување нови лифтови во Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, соопшти дека е објавен јавниот повик за финансиска поддршка за поставување нови лифтови во колективните станбени згради во општината, со што започнува реализацијата на еден од
Go toTop