Современите технологии го менуваат рударството – професорката Лепиткова посочува пример од Иловица

July 28, 2026
2 mins read

Проектот за рудникот „Иловица–Штука“ предвидува примена на технологии кои денес се користат во современото рударство ширум светот, велат претставници на стручната јавност.

Според професорката Соња Лепиткова, претседателка на Македонското геолошко друштво, една од најзначајните новини е примената на суво одлагање на јаловината, технологија која значително ги разликува денешните рудници од оние изградени пред неколку децении.

Инженерите и геолозите оценуваат дека токму напредокот на технологијата овозможува современите рударски проекти да имаат многу повисоко ниво на заштита на животната средина.

 

„Технологиите за ископ и преработка на метали со годините значително напредуваа. Таков пример е сувото одлагалиште, кое е современо решение за складирање на рударската јаловина“, истакна професорката Лепиткова во изјава за Канал 5 ТВ.

Таа додава дека Македонија има стручни кадри кои можат да ги имплементираат ваквите нови практики во домашните рударски капацитети.

„Нашите инженери од сферата на геологијата, рударството, металургијата и останатите инженерски области коишто треба да вклучени во работата на овие капацитети имаат висок потенцијал – научен, професионален, експертски и стручен“, тврди Лепиткова.

Според неа, реализацијата на инвестицијата во Иловица ќе доведе до развој на целиот регион и на другите економски сектори. Директни придобивки би се почувствувале од новите работни места, приходите во локалните буџети, како и соработката со останатите бизниси. Претходно и во Стратегијата за минерални суровини 2026-2046, беше истакнато дека многу средини како Македонска Каменица, Крива Паланка, Пробиштип, Злетово, Радовиш, Новаци и други, веројатно одамна би биле напуштени и згаснати поради миграцијата на населението, доколку не постојат рудниците.

„Низ годините наназад се гледа дека во одредени делови на Македонија рударските капацитети придонеле, не само за местата каде што постојат, туку на целиот регион и на целата држава. Ова е моментот кога Европа и целиот свет кубурат со ретки, расеани, критични минерали коишто ние ги имаме и ние тој момент треба да го искористиме. Секако, сѐ она што се работи да биде со високи перформанси, еколошки запазени стандарди и од тоа да нема никаква отстапка“, заклучува професорката по геологија Лепиткова.

Претходно и универзитетскиот професор Благој Голомеов, коментирајќи го проектот за рудник за бакар во Иловица, потенцира дека современите технологии овозможуваат целосно безбедна работа на рудниците. Тој истакна дека сега веќе постои технологија која може да биде сосема безбедна за примена. Професорот и геолог Ѓорѓи Димов пак, нагласи дека денешното рударство се разликува од некогашното по примената на современи технологии и строгите европски стандарди за заштита на животната средина. Но, освен од стручната јавност, проектот во Иловица добива поддршка и од локалната иницијатива „И здравје и работа“. Оттаму неодамна истакнаа дека е време Македонија да избере развој заснован на знаење и да се реализира проектот за рудникот „Иловица – Штука“.

„Во изминатиот период бројни професори, геолози, инженери и други експерти јавно зборуваа за современите технологии што денес се применуваат во рударството и за високите европски стандарди за заштита на животната средина. Нивните ставови заслужуваат внимание и почит, бидејќи се темелат на знаење, долгогодишно искуство и научни факти. Веруваме дека државата треба да ги слуша токму тие гласови. Одлуките за стратешки проекти не смеат да зависат од притисок од мала група на луѓе кои немаат ниту некакво образование, ниту некакво искуство во рударството, туку од законите, стручните анализи и институциите. Само така може истовремено да се заштитат природата, здравјето на граѓаните и јавниот интерес“, посочија од „И здравје и работа“.

Од иницијативата дополнија дека доколку проектот не ги исполнува пропишаните еколошки и технички критериуми не треба да биде реализиран, но доколку ги исполнува сите стандарди, тогаш Македонија не смее да ја пропушти можноста за една од најголемите инвестиции во поновата историја.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Официјално: Зинедин Зидан е новиот селектор на Франција

Следно

Македонската берза во благ пораст, МБИ10 повисок за 0,13 отсто

Latest from Blog

Божиновска: Поевтина струја од ЕСМ, конечниот збор за горивата го има Регулаторна

Производството на електрична енергија е стабилно, а ЕСМ обезбедува сигурно снабдување по пониски продажни цени, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на

„Трафигура“, најголемиот акционер во рудникот „Иловица – Штука“, ќе ја снабдува Германија со гас

Една од најголемите светски компании за трговија со енергенси и суровини и мнозински сопственик на проектот за рудник за бакар „Иловица – Штука“  „Трафигура“, склучи договор за кредит од 1,5 милијарди американски

Над 42,5 милиони денари промет на Берзата, најголем дел преку блок со „Авто гума“

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 29.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.854,91 поени. Во однос

Од фармата до чашата: Како се следи квалитетот на млекото во „Здравје“

Колку потрошувачите знаат за млекото што секојдневно го пијат? Повеќето ја проверуваат масленоста на амбалажата, го избираат посакуваниот производ и продолжуваат со купувањето. Но, бројката на пакувањето не ја раскажува целата приказна.

Еден рудник може да донесе околу 130 милиони евра годишно во буџетот, со новиот закон ќе се воведе поголема контрола и висока заштита

Рударството може да поттикне развој и на други индустрии, но идните инвестиции ќе бидат под засилена контрола Рударството и поврзаните индустрии можат да имаат значаен придонес во економскиот развој на Македонија, особено
Go toTop