Лукровски: Карпош е најпогодена од невремето во Скопје, експресно се санирани штетите каде граѓани останаа под ведро небо со откорнати покриви

July 26, 2026
1 min read

Општина Карпош беше најпогодена општина од невремето во Скопје, со 250 оштетени автомобили, негде околу 85 или 90 оштетени кровни конструкции на згради, куќи и останати институции, за жал и училишта и стотина паднати дрва, вели градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски, додавајќи дека штетите се огромни.

Во своето гостување во Дневникот на Сител, Лукровски потенцираше дека општините и градските брзо реагираше на санирање на сите штети, за што во текот на вчерашниот ден имавме координативен состанок во градот, каде сите скопски градоначалници, градоначалникот на Град Скопје, директорите на јавните претпријатија.

„Интервениравме во неколку домови каде што, буквално се под ведро небо, каде што е најитно. На едно место имаме 30 квадрати на станбена зграда, на последниот кат стан на кој му фалат 30 квадрати од покривот и директно дома им врне дожд. Сите тие ги саниравме и сега одиме со материјалните штети. Донесовме заклучок во соработка со градот да издвоиме средства, секоја од општините, да направиме фонд, да направиме комисии и се договоривме на тој начин да ги обесштетиме граѓаните“, рече Лукровски.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Реал брзопотезно доведе уште едно големо име, Диоманде на пат за Мадрид

Следно

Кремљ го потврди она што отсекогаш било познато: „ПУТИН НИКОГАШ, АМА БАШ НИКОГАШ НЕ ГО ПРАВИ ТОА!“

Latest from Blog

Меџити: Продолжуваме со работа за поуреден и побезбеден Чаир!

Во Општина Чаир продолжуваат активностите за обележување на улиците и пешачките премини, паралелно со подобрување на инфраструктурата, со цел поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот. Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на

Божиновска: Нови инвестиции и преквалификација за праведна енергетска транзиција

Енергетската транзиција треба да обезбеди почиста енергија и сигурно снабдување, истовремено водејќи сметка за потребите на стопанството и можностите на домаќинствата, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на

Проданоски: Капиталните проекти ја менуваат сликата на Прилеп, продолжуваме со нови инвестиции

Околу 168 милиони денари од општинскиот буџет се обезбедени за рехабилитација на улици во градското подрачје и населените места во Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски во прегледот на реализираните, тековните и планираните

Оне Македонија и Неотел воспоставија стратешка соработка: Првите сервери веќе пристигнаа во дата-центарот

Оне Македонија и Неотел воспоставија стратешка соработка во рамките на развојот на новата телекомуникациска инфраструктура за третиот мобилен оператор во земјата. Партнерството претставува значаен чекор напред, во реализацијата на проектот и ја

Коњановски: Година на работа и резултати – 180 проекти за развој на Битола

Вкупно 180 проекти во различни фази, над 10 километри обновена и новоизградена патна инфраструктура и вложувања во училишта, градинки и спортски објекти го одбележале изминатиот едногодишен период во Битола. Ова го истакна
Go toTop