До крајот на неделата водата во Гостивар технички да биде исправна

July 23, 2026
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски очекува до крајот на неделата водата во Гостивар технички да биде исправна, а кон крајот на следната недела и безбедна за пиење, доколку сите активности се реализираат според предвидената динамика.

Одговарајќи на новинарско прашање при пуштањето во употреба на реконструираниот градски базен во Кавадарци, Мицкоски изјави дека во решавањето на проблемот се вклучени екипи од ЈП „Водовод и канализација“ од Скопје и експерти.

– Ако биде сѐ како што треба, бидејќи се вклучија екипи од скопски „Водовод“ и експерти, јас очекувам до крајот на оваа недела да имаме технички исправна вода во Гостивар. Сега треба да се пристапи кон целосно миење на системот за да може да добиеме вода која што ќе има нормални граници на хлор и која што ќе биде добра за техничка употреба. Планот е кон крајот на идната недела таа вода да биде добра и за пиење – изјави Мицкоски.

Тој посочи дека надлежните продолжуваат со активностите на терен, оценувајќи дека состојбата во општината претставува дополнителен предизвик.

– Работиме и таму, за жал, таа летаргија која што ја зафати општината после овој случај претставува предизвик за сите нас, но, тоа е што е, иако не се ингеренции тоа на Владата, ние како Влада ќе сториме сѐ што е во наша моќ час поскоро да профункционира системот и да се стави во употреба – рече Мицкоски.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пад на МБИ10 и покрај солидниот промет на Македонската берза

Следно

САД продолжуваат со воздушните напади врз Иран

Latest from Blog

Хуан Мата ја заврши кариерата

Шпанскиот фудбалски суперстар, Хуан Мата реши да стави крај на неговата богата кариера. Последно тој настапуваше во далечната Австралија, во тимот на Мелнурн Сити, а секако зенитот го имаше во тимот на

6,2 милиони денари промет на Берзата, најмногу се тргуваше со Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 11.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.160,71 поени. Во однос

Божиновска: Македонскиот рубин ќе има свој стандард, сертификација и гарантирано потекло

Божиновска: Од заштита на рубинот кон воспоставување систем што ќе го гарантира неговото потекло, квалитет и препознатливост во светот Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го продолжува процесот за целосна институционална

Меџити: Реконструкцијата на Старата чаршија влегува во завршна фаза

Реконструкцијата на дел од Старата скопска чаршија се приближува кон завршната фаза, а најголемиот дел од планираните градежни активности веќе е реализиран, соопшти градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити. „Ветивме дека ќе
Go toTop