Шасивари на средба со Рокас: Нова динамика во реформите со ЕУ како стратешки партнер

July 22, 2026
1 min read

Министерот за правда Јетон Шасивари и заменик на министерот за правда Ален Деребан се сретнаа со амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Михалис Рокас, на која беше разговарано за тековните реформски процеси во правосудството и напредокот на државата во евроинтегративниот процес.

Министерот Шасивари ја истакна посветеноста на Министерството за правда кон спроведувањето на реформите во согласност со препораките на Европската комисија, со посебен акцент на владеењето на правото и исполнувањето на обврските од Реформската агенда и Кластерот „Фундаментални вредности“.

На средбата беше разговарано и за имплементацијата на Развојната секторска стратегија за правосудство 2024–2028, како и за активностите што се реализираат со поддршка на Европската Унија преку ИПА-проектите за зајакнување на правосудниот систем и неговата дигитализација.

Изразена е благодарност за  континуираната поддршка од Европската Унија во спроведувањето на реформите која има значајна улога во зајакнувањето на институциите, унапредувањето на владеењето на правото и забрзувањето на европската интеграција на Република Северна Македонија. Во таа насока, беше истакната и потребата од експертска помош од Европската Унија во реформите на кривичното законодавство

На средбата беше потврдена заедничката заложба за продолжување на партнерската соработка и интензивирање на реформските процеси во правосудството во насока на  унапредување на неговата функционална независноство согласност со европските стандарди и реформските приоритети на државата.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Министерството за енергетика ги реализира планираните чекори од Реформската агенда 2024–2027

Следно

Трамп: Од сега за ирански напад на секој брод, уништуваме по еден мост или електрана

Latest from Blog

ЛШ: Историска ноќ и победа за Комо, „петарда“ за Бодо во Минхен, Манчестер Ј. силно против Сабах

Комо со стил дебитираше во Лигата на шампионите. Тимот предводен од Сеск Фабрегас славеше со 3:1 против Лајпциг на „Синигалија“ и оствари историска победа во своето прво појавување во елитното европско натпреварување.

САД до сојузниците во НАТО: Напуштете го Меѓународниот кривичен суд и прекинете им ја поддршката

На состанокот на амбасадорите на 32 членки на НАТО зад затворени врати во Брисел кон средината на јули, американскиот претставник Метју Витакер побара од сојузниците да го напуштат Римскиот статут, основниот документ

Медведев: Нашето трпени не е бесконечно, останува нуклеарната опција

Во интервју објавено денес, Медведев ги отфрли толкувањата дека реториката на неговата земја за употребата на нуклеарно оружје е само низа „навестувања“, објави весникот „Ведомости“. „Ова не е тактика на заплашување, туку

Лавеци има сериозни психички проблеми (ВИДЕО)

Некогашната аергентинска фудбалска звезда, Езекил Лавеци, кој славата ја стекна во Наполи односно ПСЖ, во моментов има 41. година и објави во јавноста дека се соочува со сериозни психички проблеми. Додаде дека
Go toTop