Румен Радев – човекот на Кремљ, коментираат бугарските медиуми

March 25, 2023
1 min read

Одлуката на бугарскиот претседател Софија да не учествува во европската набавка на 1 милион артилериски гранати за Украина, како и неговото одбивање на Киев да му прати оружје од советско производство дел од бугарските медиуми го гледаат како негово „играње по руски ноти“.

Шефот на државата Радев, поранешен воен пилот, решението Бугарија да не се приклучи на повеќето членки на ЕУ во напорите за обезбедување муниција за Украина, по завршувањето на Европскиот совет во Брисел го објасни како „придржување на неговата земја до европскиот механизам за мир“.

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен и Румен Радев во Брисел

„17 земји членки го поддржуваат договорот за обезбедување 1 милион проектили од 155 милиметри за Украина, а 10 земји не го поддржуваат. Бугарија не е меѓу земјите кои ќе нарачуваат проектили за Украина. Бугарија го поддржува европскиот механизам за градење мир. Со него ќе ја модернизираме нашата одбранбена индустрија за да ги исполниме современите барања за поголем капацитет. Но, во заклучокот за испорака на 1 милион гранати на Украина експлицитно стои дека тоа мора да се направи во согласност со специфичните карактеристики на безбедносната и одбранбената политика на секоја земја членка“,

изјави Радев во Брисел.

Овој чекор на Радев, некои бугарски медиуми го толкуваат како уште еден показател дека тој е „промосковски“ ориентиран.

Бугарски С-300 систем, фото (БНТ/RFE/RL)

Бугарскиот претседател, засега, според пушувањата во Софија ги игнорира и барањата на САД кои наводно предвидуваат модерни американски противвоздушни системи како замена за бугарските С-300 (од советско производство) кои би биле пратени за Украина.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тројца обвинети за продажба на дрога и амфетамин во Катланово

Следно

Почина ко-основачот на Интел, Гордон Мур

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop