ГЛАВНА ЦЕЛ Е ЗАЈАКНУВАЊЕ НА СЛОБОДАТА НА ГОВОРОТ – Трамп ќе финансира МАГА проекти во Европа

July 19, 2026
1 min read

Администрацијата на Трамп планира да додели низа грантови во Европа и пошироко за поддршка на иницијативи блиски до неговото движењето МАГА. Главната цел е зајакнување на слободата на говорот. Наменети се 2 милиони долари за групи од Источна Европа и Балканот кои се спротивставуваат на обидите за поткопување на западните цивилизациски норми.

Според известување што Стејт департментот го испратил до Конгресот, предложените грантови вклучуваат 2 милиони долари за „борба против цензурата“ што произлегува од регулативите на ЕУ, вклучувајќи ги Законот за дигитални услуги и Законот за дигитални пазари.

Во документот се детализирани плановите за обезбедување 5 милиони долари за „развој на цивилизациски сојуз“ во Европа, но не е наведено дали администрацијата веќе одредила група што ќе го спроведе проектот.

Потенцијалните намени на грантот вклучуваат иницијативи за „одбрана на слободата на изразување, политичката конкуренција и националниот суверенитет“ на континентот.

Другите проекти наведени во известувањето се поблиски до досегашните напори на САД за надворешна помош, вклучувајќи средства за истражување и спротивставување на обидите на авторитарните влади да ги замолчат своите критичари во странство.

Второто известување до Конгресот вклучува наменски средства од 5 милиони долари за Free Speech Union International – меѓународна гранка на истоимената британската група основана од конзервативниот лорд Тоби Јанг – со цел „промовирање на правото на слобода на изразување во земјите во кои делува. Јанг изјави неговата група изразила интерес, но се уште не поднела официјално барање за грантот.

Предложени се и проекти за доделување 2 милиони долари на групи во Источна Европа и на Балканот кои се спротивставуваат на обидите за поткопување на западните цивилизациски норми.

Седум милиони долари се наменети за новата британско-американска организација за истражување и анализа „878“, чиј коосновач е Џејкоб Рис-Мог, поранешен министер во конзервативната влада.

Предвидена е и поддршка за напорите за спротивставување на пречекорувањето на судските овластувања и на цензурата во Бразил, чија администрација е обвинета за политички прогон на поранешниот претседател Жаир Болсонаро, сојузник на Трамп.

Милион долари се за документирање на прекршувањата на човековите права врз етничките малцинства во Јужна Африка. Во документот не се спомнуваат експлицитно белците во Јужна Африка, но администрацијата на Трамп во повеќе наврати се обидуваше да ги прикаже како жртви на дискриминација и геноцид поддржани од владата.

– Програмите сè уште се предмет на активна анализа. Добивањето грант не е загарантирано за ниту една организација што не ги исполнува сите барања и стандарди за федерални грантови, соопшти Стејт департментот.

Најголемиот грант наведен во предлогот изнесува 40 милиони долари и е наменет за Фондацијата за спомен на жртвите на комунизмот – непрофитна организација со седиште во САД, посветена на одбележување на споменот за жртвите на комунистичките режими. Основана е во 1993 година со акт на Конгресот, потпишан од претседателот Бил Клинтон, а добивала пари од сите администрации, вклучувајќи ја и онаа на Џо Бајден.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Клековски: Епидемијата во Гостивар е прогласена, храната засега е исклучена како можен извор

Следно

Кралот на фудбалот поздравен од фановите: Солзите на Меси…(ВИДЕО)

Latest from Blog

Проданоски: Со дела, а не само со зборови, ја градиме Македонија

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста на Македонија, одбележувајќи 35 години од историската одлука на граѓаните за независна, суверена и слободна држава.

Нов проблем за Интер и Милан!

ФОТО:facebook.com/Inter/ Проектот за нов заеднички стадион помеѓу Милан и Интер Милан наиде на уште еден проблем. Општина Милано се соочува со судска постапка поради продажбата на земјиштето околу иконскиот стадион “Сан Сиро“

Сите загинати при излизгувањето на товарен авион од пистата во Мајами, биле во паркираните автомобили (ВИДЕО)

Истражителите потврдија дека сите жртви биле во две возила на земја. Боингот 767-300, управуван од „21 Ер“, се лизна од пистата во неделата. Удри во комбе за чистење во кое се наоѓаа

ВЛЕН: Компаниите се шират, се отвораат нови можности за вработување

Северна Македонија се движи кон создавање поповолна инвестициска клима, со поголеми можности за меѓународна соработка, развој на бизнисите и отворање нови работни места, оценува политичката партија ВЛЕН. Од партијата посочуваат дека економскиот

Божиновска за „Energy Game“: Македонија ќе добие пристап до американски ЛНГ и гас од Азербејџан

Вертикалниот коридор првично започна со Грција, Бугарија и Романија, а сега се оформува и оската Грција – Северна Македонија – Србија, што создава повеќе можности за пристап, меѓу другото, и до американскиот
Go toTop