Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени“, емитувано на 24 март 2023 г. на ТВ Алсат, во кое гостуваше министерката за одбрана Славјанка Петровска
Повод за гостувањето на министерката за одбрана Славјанка Петровска во „360 степени“ се најавите дека земјава ќе и донира 12 хеликоптери „ми-24“ на Украина и дека ќе набавува 8 нови – повеќенаменски, на западна платформа. Со Петровска разговараме и за вредноста на донираната воена опрема на украинската армија и дали сетоа тоа ја намалува борбената готовност на нашата Армија. Дел од прашањата се однесуваат и на тоа која ќе биде втората членка на НАТО, покрај Грција, што ќе патролира на македонското небо и која институција во земјава (ќе) носи одлука дека треба да се собори непријателско летало што го нарушило македонскиот воздушен простор. Тема се и наводите од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, дека оперативци на воената служба за безбедност и разузнавање биле уапсени во Косово поради сомнителни активности, како и дека министерката крие имот во Радишани.
ИЗВОР: 360stepeni.mk