Тоа е аргентинскиот претседател Хавиер Милеи, кој потврди дека нема лично да ја бодри својата репрезентација додека се бори за светската титула.
Милеи откри дека неговата одлука е донесена од сосема лични причини, а главниот мотив е – суеверие. Аргентинскиот претседател не сака да ја промени рутината што ја следи од почетокот на првенството, убеден дека тоа може да донесе лоша среќа за репрезентацијата.
– Ќе одам ли на натпреварот? Апсолутно не! Ќе го гледам натпреварот во мојата резиденција во Оливос со сестра ми, исто како што правам од првиот ден. Тоа е чисто суеверие – рече Милеи, според аргентинскиот весник „Ел Обсервадор“.
Неговата одлука може да изгледа необична за државник, но во Аргентина овој начин на размислување не е невообичаен. Во земја каде што фудбалот има речиси култен статус, многу фанови веруваат дека ритуалите за победа не треба да се менуваат. Без разлика дали станува збор за местото од каде што се гледа натпреварот, облеката што се носи или друштвото во кое се гледа натпреварот, многу Аргентинци веруваат дека секоја промена може да ја уништи среќата што го придружуваше тимот за време на турнирот.
🚨 Javier Milei 🇦🇷, le président de l’Argentine, annonce qu’il n’assistera pas à la finale de la Coupe du monde à New York… PAR SUPERSTITION ! 😅
🗣️ « Si j’irai au match ? ABSOLUMENT PAS !
Je regarderai le match dans ma résidence d’Olivos avec ma sœur, comme je le fais depuis… pic.twitter.com/6QwUuIyOng
— Actu Foot (@ActuFoot_) July 16, 2026
Затоа Милеи нема да седи на трибината на стадионот во Њујорк заедно со бројни светски лидери, туку ќе го гледа финалето од претседателската резиденција Оливос, во придружба на неговата сестра, на ист начин како и сите претходни натпревари на националниот тим на овој Мундијал.
Останува да се види дали лојалноста на претседателот кон ритуалот навистина ќе им донесе среќа на Лионел Меси и неговите соиграчи во борбата за новата титула светски шампион, но нема сомнение дека неговата одлука привлече големо внимание од јавноста и дополнително ја вжешти атмосферата пред еден од најочекуваните натпревари годинава.
Извор: vecer.mk

