Директорката на гостиварскиот водовод за Телма: Епидемијата е поради храната која ја јаделе, а не од загадената вода – меѓу заболените има и лица кои пиеле само флаширана вода

July 17, 2026
1 min read

Директорката на гостиварскиот Водовод Артана Асани вели дека зголемениот број на заболени лица во Гостивар не е поради загадената вода. Таа ги негира информациите на надлежните институции кои ја забранија водата за пиење во Гостивар поради сомневање дека таа е загадена и е извор на епидемијата која се шири во градот.

Асани вели дека „меѓу заболените има и лица кои пиеле само флаширана вода“ и според неа причина за заболувањата на над 1200 граѓани се храната што ја јаделе или високите температури.

Агенцијата за храна и ветеринарство издаде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека водата е загадена и небезбедна за употреба.

Од АXВ велат дека со вонредниот инспекциски надзор утврдено е дека во главниот цевковод на водоводната мрежа, на диво, без одобрение поставена е пумпа која директно вбризгува вода од реката Вардар во овој водоснабдителен систем.

И од СВР Тетово ги потврдуваат сомневањата за загадување на водата.

„Постојат основи на сомневање дека Јавното претпријатие „Водовод“, во соработка со Општина Гостивар, поставило три пумпи во корито на истечни отпадни води, преку кои се вбризгувала вода директно во главниот цевковод што го напојува градот.

Од болницата во Гостивар изјавија дека околу 1200 пациенти со симптоми на дијареа, болки во желудникот, температура и омалаксаност изминатите 3 до 4 дена побараа лекарска помош во ЈЗУ Општа Болница ‘’Д-р Ферид Мурад’’ во Гостивар. Од болницата наведуваат дека епидемијата се шири низ Гостивар но причината сеуште се утврдува.

„Во врска со епидемијата која се шири во Гостивар овие 3-4 дена поради која имаме голем број на пациенти на кои им е дадена медицинска помош во нашата установа , направивме зајакнување на медицинскиот персонал во одделенијата каде има голем број на пациенти. Поголемиот број на пациентите се со исти симптоми како повраќање, диареја, болки во желудникот ,температура, омалаксаност итн. Најголем број на пациентите со овие симптоми има на Инфектологија, Детското одделеније и во Ургентното одделение.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Позитивен ден на Македонската берза: МБИ10 над 9.366 поени

Следно

Претседателот на Аргентина одби да отпатува на финалето на Мундијалот поради суеверие: Апсолутно не!

Latest from Blog

Само Ланс знае како против ПСЖ!

фото:facebook.com/RCLens Ланс – ПСЖ 1:0 во меч од Суперкупот на Франција. Значи нема нов трофеј за четата на Луис Енрике која во последните две години просто е “казнена експедиција“. Ја покори Европа,

“УБИЈТЕ 30-40 ПАЛЕСТИНЦИ СЕКОЈА НОЌ“. Со децении вакво нешто не е наредено, освен сега од Израел

Скандалозна изјава на израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир еден од најесктремните десничарски политичари во владејачката коалиција на Бенјамин Нетанјаху, ја потресе светската јавност. Тој јавно заговара убивање 30 до 40

Охридското Езеро годинава ќе биде порибено со 1,6 милиони единки пастрмка

Годинава се планира Охридското Езеро да биде порибено со околу 1,6 милиони единки од ендемичниот вид охридска пастрмка, што е за околу 500 илјади повеќе во споредба со минатата година, информираше заменик-министерот
Go toTop