Која е втората НАТО-членка што покрај Грција ќе патролира на македонското небо?

March 24, 2023
1 min read

Одлуката ќе биде донесена наскоро, а во игра се и други држави покрај Бугарија и Турција, кои првично се споменуваа, вели министерката за одбрана во „360 степени“ на ТВ Алсат

Се прави анализа за тоа која ќе биде втората земја членка на НАТО, покрај Грција, што ќе спроведува т.н. „ер-полисинг“ или воздушно патролирање на македонското небо, вели министерката за одбрана Славјанка Петровска во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат. Според неа, одлуката ќе биде донесена наскоро, а во игра се и други држави покрај Бугарија и Турција, кои првично се споменуваа.

„Тимот на Министерството и делот на авијацијата во генералштабот прават анализа за ова прашање, во скоро време очекувам да биде доставен предлогот од нивна страна до мене. Можеби ќе се работи за некоја друга земја, а не од овие што ги споменавте (Бугарија и Турција, н.з.). Повеќе аспекти се земаат предвид во проценките, прво да се погледне подготвеноста на државата од аспект на поседување на воздухоплови, меѓутоа и проценка на тоа од каде доаѓаат потенцијалните ризици или закани за нашата безбедност. Тоа се повеќе аспекти кои ќе бидат дел од анализата“,

вели министерката за одбрана.

Во однос на прашањето за тоа која институција носи одлука дека треба да се собори летало што без дозвола го нарушило воздушниот простор на земјава, министерката Петровска вели дека и тоа ќе се прецизира во скоро време.

Петровска: Тоа е во рамки на НАТО-процедурите и во моментов не е донесена таква одлука. Но, тоа не значи дека ако биде нарушен воздушниот простор со летало кое не е пријателско, не може формално-правно да биде донесена таква одлука.

360: Ако има потреба да се урне такво летало, сега како се постапува?

Петровска: Врз основа на она што е важечко, имаме ‘ер-полисинг’ со Грција и комуникацијата што ја имаме со центрите задолжени за воздушната безбедност, доколку се појави такво летало и доколку биде известен државниот врв, може да ја донесе одлуката министерот за одбрана, началникот на генералштабот или претседателот на државата. Дури и во постојниот систем.

360: Има ли капацитет нашата армија да урне летало?

Петровска: Во соработка со сојузниците – апсолутно, да. Тоа е предноста на колективниот систем за безбедност, дека не секогаш мора да ги имате и подеднакво да ги развивате сите аспекти на безбедност. Или, ако во моментот не располагате со нешто, може да биде покриено од страна на сојузниците.“

ИЗВОР: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски го распадна здравството, грешките на лекарите во Македонија ги покрива земјата и власта

Следно

Франција забранува Тик-ток на мобилните телефони на јавните службеници

Latest from Blog

Не му се верува: “Еве како реагира Зидан по трите гола на Меси во мрежата на неговиот син!“(ВИДЕО)

ФОТО:printscreen Француската легенда Зинедин Зидан беше на стадионот во Канзас Сити за да го гледа натпреварот од Светското првенство помеѓу Аргентина и Алжир во живо. За жал за Зизу, неговиот син Лука

Трамп: Ако Иран не го почитува договорот, ЌЕ СЕ ВРАТИМЕ НА БОМБАРДИРАЊЕТО

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави на маргините на самитот на Групата седум (Г7) во Франција денес дека привремениот договор со Иран сè уште не е конечен и предупреди дека Вашингтон би можел

БОЖИНОВСКА – ПОПОВ: МЕРМС и МАНУ ќе ги обединат експертизата и науката за развој на енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со академик Живко Попов, претседател на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), на која беше разговарано за воспоставување поинтензивна
Go toTop