Screenshot

Општина Прилеп: Сè повеќе домаќинства се вклучуваат во селекцијата на отпад, поделени над 500 бесплатни канти

July 14, 2026
1 min read

Општина Прилеп продолжува со активностите за воспоставување современ и ефикасен систем за селекција на комуналниот отпад преку проектот „Регионално управување со цврст отпад“, реализиран од Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со општините од Пелагонискиот и Југозападниот регион, со поддршка на „Салар Интернационал“.

Во рамки на кампањата за вклучување на граѓаните во селекцијата на отпад, за само осум дена 286 домаќинства од Прилеп се приклучиле во системот, при што се доделени вкупно 576 бесплатни канти.

Од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп упатуваат повик до сите граѓани кои сè уште не се вклучиле, да го искористат правото на две бесплатни канти за селекција. За добивање на кантите потребно е носителот на сметката да приложи лична карта и една сметка за комунални услуги, по што се потпишува договор и се преземаат кантите.

Домаќинствата добиваат:

  • Жолта канта – наменета за сув отпад кој може да се рециклира (пластична амбалажа, хартија и картон, метална амбалажа и друга чиста амбалажа за рециклирање).
  • Зелена канта – за влажен и мешан комунален отпад (остатоци од храна, лушпи од овошје и зеленчук, талог од кафе, нечиста хартија, марамчиња, пелени и друг отпад кој не може да се рециклира).

Од ЈКП „Комуналец“ информираат дека амбалажата пред да се стави во жолтата канта треба да биде испразнета, а по можност и исплакната и сплескана за да зафаќа помалку простор.

Во кантите не се одлагаат градежен шут, текстил, стаклена амбалажа, опасен отпад, електронска опрема и батерии. За стаклен отпад низ градот се поставени 48 иглу-контејнери, додека електронскиот отпад и текстилот граѓаните можат да ги достават на собирното место на улица „Трајко Николоски“ бб, пред Стопанскиот двор на „Комуналец“.

Со правилната селекција, како што посочуваат од претпријатието, се намалува количината на отпад што завршува на депонија, се зголемува можноста за рециклирање и повторна употреба на материјалите и се придонесува за почиста и поздрава животна средина.

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп од 2008 година работи на унапредување на системот за управување со отпадот, а досега во домаќинствата се поставени околу 24.000 канти за селекција. Во изминатите години се реализирани и активности за селектирано собирање на отпад, едукација на граѓани и ученици, како и соработка со институции и компании за рециклирање.

„Секој отпад има свое место. Селектирај денес – зачувај за утре“, порачаа од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВЛЕН: Изјавата на српската министерка е опасна и неприфатлива

Следно

Општина Прилеп ги поканува граѓаните на фудбалска вечер на Камена Бина

Latest from Blog

Државна лотарија постапува по забелешките на Државниот завод за ревизија

Државна лотарија презеде мерки за отстранување на наследените неправилности уште пред изработувањето и објавувањето на извештаите на Државниот завод за ревизија. Ревизијата на работењето на Државната Лотарија во овие постапки од страна

Божиновска: Стопанската комора ќе се вклучи во подготовката на новата Стратегија за енергетика

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари работна средба со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, на која се разговараше за имплементацијата на Стратегијата за рударство,

Проданоски: Прилеп ќе добие обновена спортска сала со 1.959 седишта

Општина Прилеп ги завршила потребните административни процедури и активности за целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“, со што се создадени предуслови за реализација на проектот, информира градоначалникот Дејан Проданоски. Планираната инвестиција изнесува

Проданоски: Четири милиони денари за нов простор за игра на децата во населбата „Типски“

Ново детско игралиште е изградено во прилепската населба „Типски“, со инвестиција од четири милиони денари и поддршка од Министерството за спорт преку владиниот повик за децентрализација на средствата, информира градоначалникот Дејан Проданоски.
Go toTop