Советот на Европа изрази загриженост поради употребата на сила на протестите во Франција

March 24, 2023
1 min read

Комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, денеска изрази загриженост поради „прекумерната употреба на сила“ против демонстрантите во Франција кои протестираат против пензиските реформи и ги повика властите да го почитуваат правото на протест.

„Се случија насилни инциденти, од кои некои беа насочени кон припадниците на безбедносните сили“, се вели во соопштението на комесарката

Сепак, спорадичните акти на насилство и прекршоци на некои демонстранти за време на протестите не можат да ја оправдаат прекумерната употреба на сила од страна на државните службеници, се додава во соопштението на Советот на Европа, чие седиште е во Стразбур, каде што исто така се одржаа протестите.

Комесарката додаде дека не може да се оправда ниту одземањето на правото на слобода на собир на луѓето и изрази загриженост за апсењето и приведувањето на одредени демонстранти и луѓе во близина на демонстрациите за дела кои „не оправдуваат прибегнување кон мерки кои се толку штетни во однос на правото на слобода и безбедност“.

„Насилството, од каде и да доаѓа, никогаш не може да се користи како средство за решавање на социјална или политичка криза“, рече таа, изразувајќи жалење што луѓе беа повредени и меѓу демонстрантите и безбедносните сили.

Според неа, насилството мора да престане бидејќи тоа е неопходен услов за ефективно остварување на слободата на изразување и собирање, како и за доверба меѓу населението и полицијата.

Во Франција, вчера, за време на протестите поради пензиската реформа беа повредени 441 припадник на полицијата и жандермеријата, а 457 лица беа приведени.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Баерн официјално потврди: Тухел до 2025 година ќе царува во Минхен (ФОТО)

Следно

Абазовиќ: Предвремени избори што поскоро, но согласно правниот поредок

Latest from Blog

УМС Пробиштип ја продолжи традицијата со турнир во мал фудбал за 8 Септември

По повод Денот на независноста на Република Македонија – 8 Септември, во Пробиштип се одржа традиционалниот турнир во мал фудбал, за кој Унијата на млади сили – Пробиштип одржува континуитет од 2016

Исповед на несреќен маж„Половиот орган ми е како лименка и тоа ми го уништи животот. Жената побегна од мене“

„Кога растеш низ тинејџерските години, те уверуваат дека ако имаш голем полов орган, автоматски ќе бидеш успешен кај жените – а тоа е лага. Имав една сериозна врска, но таа жена секојпат

Бизонот Тајфун успешно вратен во Националниот парк Фрушка гора

Бегството на бизонот Тајфун од Националниот парк Фрушка гора заврши успешно – животното е пронајдено и вратено во својот ограден дел. Од управата на паркот информираа дека пожарникарите и надлежните служби континуирано
Go toTop