Осудениот херој од филмот „Хотел Руанда“ ќе биде пуштен на слобода

March 24, 2023
1 min read

Пол Русабагина, херојот од  холивудскиот филм „Хотел Руанда“, кој отслужува 25-годишна затворска казна во Руанда под обвинение за тероризам, во сабота ќе биде ослободен, јави денеска владин извор, пренесува Хина.

Русебагина во септември 2021 година беше осуден на драконската казна заради негови наводни врски со организација која се спротивставува на владеењето на претседателот Пол Кагаме.

Тој ги отфрли сите обвиненија и одби да учествува на судењето, за кое се изјасни дека е политички мотивирано.

Русабагина ќе биде префрлен прво во Доха, а потоа во САД, изјави владиниот извор, додавајќи дека неговото ослободување доаѓа откако самиот му напишал писмо на Кагаме, барајќи помилување.

Вашингтон го смета Русабагина за „неправедно притворен“, делумно и поради тоа што немало фер судење.

Русебагина има право на постојан престој во САД.

Гласниот критичар на Кагаме призна дека има водечка улога во опозициската група, но негираше одговорност за нападите извршени од нејзиното вооружено крило. Судиите,пак, сметаа дека двете работи не можеле да се одвојат.

Кагаме, претходно месецов, самиот призна дека има разговори за „решавање“ на судбината на Русебагина.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

До донесување закон, платите да се решат преку Колективен договор, порачуваат од синдикатот при Министерството за култура

Следно

Николоски: Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е краток и јасен, уставни измени под бугарски диктат нема да има!

Latest from Blog

УМС Пробиштип ја продолжи традицијата со турнир во мал фудбал за 8 Септември

По повод Денот на независноста на Република Македонија – 8 Септември, во Пробиштип се одржа традиционалниот турнир во мал фудбал, за кој Унијата на млади сили – Пробиштип одржува континуитет од 2016

Исповед на несреќен маж„Половиот орган ми е како лименка и тоа ми го уништи животот. Жената побегна од мене“

„Кога растеш низ тинејџерските години, те уверуваат дека ако имаш голем полов орган, автоматски ќе бидеш успешен кај жените – а тоа е лага. Имав една сериозна врска, но таа жена секојпат

Бизонот Тајфун успешно вратен во Националниот парк Фрушка гора

Бегството на бизонот Тајфун од Националниот парк Фрушка гора заврши успешно – животното е пронајдено и вратено во својот ограден дел. Од управата на паркот информираа дека пожарникарите и надлежните служби континуирано
Go toTop