Божиновска: Создаваме модерен енергетски систем кој ќе ја штити економијата и граѓаните

July 10, 2026
1 min read

По повод 10 Јули – Светскиот ден на енергетската независност

Енергетската независност е предуслов за економски развој, национална сигурност и стабилност. Држава што произведува сопствена енергија, располага со сигурни извори на снабдување и е поврзана со повеќе енергетски пазари е држава што може самостојно да ја планира својата иднина, подобро ги штити своите граѓани од глобалните енергетски кризи и создава посилна и поконкурентна економија.

Токму затоа, по повод 10 Јули – Меѓународниот ден на енергетската независност, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини истакнува дека енергетската независност останува една од највисоките стратешки цели на Владата и Министерството.
Во изминатиот период се преземаат конкретни чекори за енергетски независна Македонија – држава која ќе произведува повеќе домашна, чиста и достапна енергија, забрзување на инвестициите во обновливи извори, модернизација на енергетската инфраструктура и диверзификација на изворите и правците за снабдување со енергенси.

 

Резултатите веќе се видливи.

Според најновите податоци на АД ЕСМ, производството на електрична енергија од хидроелектраните е зголемено за 76 проценти во однос на истиот период минатата година, додека производството од ветерните електрани бележи раст од околу 10 проценти. Истовремено, исполнетоста на акумулациите достигнува околу 80 проценти, што претставува значајна резерва за стабилно и сигурно снабдување во периодите на зголемена потрошувачка.

Паралелно, се реализираат и нови инвестиции во производствени капацитети. Интензивно се гради втората фаза од ветерниот парк Богданци, кој следната година ќе достигне инсталиран капацитет од 50 MW, а започнуваат и активностите за изградба на фотонапонските електрани Битола 1 и Осломеј 2, додека подготовките за Битола 2 и Битола 3 се во напредна фаза.
Но, енергетската независност не се постигнува само со поголемо домашно производство. Таа се гради и преку силна регионална поврзаност и сигурни енергетски коридори.

Во таа насока, интензивно се реализира проектот за гасниот интерконектор со Грција, кој ќе овозможи пристап до нови извори на природен гас. Истовремено, во тек се подготовките и за реализација на гасниот интерконектор со Србија, со што Македонија ќе стане дел од поширока регионална гасна мрежа и ќе ја зацврсти својата улога како енергетски крстопат на Балканот.
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска истакнува дека енергетската независност не е краткорочна цел, туку долгорочна државна стратегија.

„Нашата цел е јасна – Македонија да стане енергетски независна држава, да произведува повеќе домашна, чиста и конкурентна енергија. Ги развиваме обновливите извори, инвестираме во модерна инфраструктура и ги отвораме новите енергетски коридори што ќе ја зајакнат сигурноста на снабдувањето. Тоа не е само економска придобивка, туку прашање на национална сигурност, стабилност и развој. Нашата амбиција не е само да ги задоволуваме домашните потреби, туку Македонија да стане и нето извозник на електрична енергија.“

Енергетската независност денес претставува едно од најважните мерила за отпорноста на секоја современа држава. Последните глобални енергетски кризи уште еднаш потврдија дека државите кои инвестираат во сопствено производство и во диверзифицирани енергетски врски се поотпорни на надворешни шокови, поконкурентни и поуспешно ги штитат интересите на своите граѓани и економија.

Токму затоа Министерството останува цврсто посветено на создавање на сигурен, модерен и одржлив енергетски систем – затоа што силна енергетика значи силна држава.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Радовиш добива нова летна атракција – стартува „Радовишки вински двор“

Следно

Николоски: 430 милиони денари за развој на Тетово и подобри услови за граѓаните

Latest from Blog

Хитлер Мусолини е избран за градоначалник во Перу

Кандидатот на централно-левичарската партија Ахора Насион освои 34 проценти од гласовите, пишува Политико. Според извештаите на локалните медиуми, разликата меѓу првите тројца кандидати била само 42 гласа. Неговата кандидатура не дава многу

ФИФА ќе отвори истрага за прошталниот меч на Меси?

Прошталниот настап на Лионел Меси во дресот на аргентинската репрезентација би можел да добие неочекуван пресврт. Во јавноста се појавија наводи за можна истрага на ФИФА поврзана со натпреварот меѓу Аргентина и

Божиновска: Пред студентите во Виена ги претставивме приоритетите на македонската енергетика

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска одржа предавање пред студентите на Виенската дипломатска академија, на кое разговараше за енергетската иднина на Македонија и предизвиците со кои се соочува секторот.

ПРЕМИЕРОТ ПОПУШТИ ПРЕД БАРАЊАТА НА УЧЕНИЦИТЕ – Итно ангажирани 3.000 наставници

Француската влада конечно попушти под притисокот од двонеделните масовни ученички протести кои ја потресоа земјата – премиерот Себастиен Лекорну најави итно ангажирање на повеќе од 3.000 наставници во училиштата кои се соочуваат
Go toTop