Македонски Концепт: Без гаранции за членство во ЕУ, се доведува во прашање оправданоста на Преспанскиот договор

July 9, 2026
1 min read

Политичката партија Македонски концепт соопшти дека изјавата на европската комесарка Марта Кос, според која „нема гаранции“ за членството на Македонија во Европската Унија, отвора сериозни политички прашања и заслужува широка јавна и институционална дебата.

Од партијата оценуваат дека доколку навистина не постојат гаранции оти исполнувањето на преземените обврски ќе резултира со членство во Европската Унија, тогаш се поставува прашањето дали и Преспанскиот договор бил прифатен без реална гаранција за европската перспектива на државата.

Според Македонски концепт, референдумското изјаснување во 2018 година се темелело токму на уверувањата дека договорот претставува сигурен пат кон членство во ЕУ. Оттаму сметаат дека, доколку денес се тврди дека такви гаранции нема, се доведува во прашање наративот дека направените национални отстапки биле неопходни за обезбедување на европската иднина на земјата.

Во соопштението се наведува дека партијата и претходно предупредувала оти секој меѓународен договор треба да биде заснован на принципите на реципроцитет, правна сигурност и меѓусебна доверба. Според нив, процес во кој Македонија постојано презема нови обврски, а Европската Унија не нуди извесност за конечниот исход, ја намалува довербата на граѓаните во европскиот процес.

Од Македонски концепт истакнуваат дека нивната стратешка определба и понатаму останува полноправното членство на Македонија во Европската Унија, но оценуваат дека интегративниот процес треба да се темели на јасни правила, еднакви критериуми и предвидливост, наместо на нови политички условувања без јасен крај.

Воедно, партијата наведува дека, доколку Европската Унија официјално не нуди гаранции поврзани со Преспанскиот договор, тогаш, според нивното толкување, легитимно е Македонија да ја отстрани одредницата „северна“ од внатрешната употреба, согласно одредбите на договорот.

Од Македонски концепт ја повикаа Владата да преземе чекори во таа насока, најавувајќи дека ова прашање ќе го отворат и во рамки на владината коалиција „Твоја Македонија“, во која партијата е дел.

На крајот од соопштението, партијата порача дека Македонија заслужува чесен, предвидлив и кредибилен европски процес, оценувајќи дека само на тој начин може да се обнови довербата на граѓаните во европската идеја.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Французите го кренаа гласот поради судиите, Дешамп порача: Тие не се нашиот противник

Следно

САД велат дека погодиле 90 цели во Иран откако Трамп претходно се закани дека ќе ги „удри силно“

Latest from Blog

Барса со „петарда“ ја започна новата сезона

Фудбалерите на Барселона фантастично ја започнаа новата сезона со убедлива победа против екипата на Елче со 0:5. Момците на Ханси Флик покажаа класа и најавија уште една сезона во која што ќе

ИРАН ЈА НАПАДНА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА, четири дена не можат да се опорават

Хакери поврзани со Иран успеаја целосно да ја запрат работата на британска електрана дури четири дена, што се смета за еден од најсериозните сајбер напади врз енергетската инфраструктура на Обединетото Кралство, објави

Интересно: Фановите на Марсеј ја славеа титулата на Шпанија? (ВИДЕО)

ФОТО:printscreen Навивачите на Олимпик Марсеј изненадија со чудна претстава за време на првиот натпревар на тимот во сезоната во Лига 1. Некои од навивачите на „Велодром“ извадија огромна кореографија во чест на

Иран поканет да се приклучи на „исламското НАТО“

Рахими, директор на новинската агенција Ханех Мелат, поврзана со иранскиот парламент, изјави дека Иран добил покана да се приклучи на договорот во Мека и дека прашањето се разгледува. Рахими рече дека земјите
Go toTop