Божиновска: Енергетската ефикасност е најисплатливата инвестиција за иднината

July 8, 2026
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, одржа работна средба со претставници на германската развојна банка KfW, на која беа разгледани тековните активности и можностите за понатамошно продлабочување на соработката во областа на енергетската ефикасност.

Во фокусот на разговорите беа тековните активности што KfW ги поддржува за енергетска обнова на студентските домови, како и следните чекори за проширување на инвестициите во обнова на јавни и комерцијални објекти, со цел намалување на потрошувачката на енергија, подобрување на условите за користење и долгорочни финансиски заштеди.

„ Енергетската ефикасност е еден од најисплатливите начини да создадеме поквалитетни јавни услуги, пониски трошоци и поодржлив енергетски систем. Нашата цел е да го прошириме опфатот на ваквите проекти и да создадеме систем кој ќе носи мерливи резултати за институциите и за граѓаните“, истакна министерката Божиновска.

На состанокот беше направен осврт и на успешните практики што се спроведуваат во земјите од регионот, при што беа разгледани можностите за размена на искуства и примена на докажани модели во Македонија, со цел побрза реализација на идните инвестиции во енергетската ефикасност.

Посебен акцент беше ставен и на воспоставувањето и ставањето во функција на EPC системот, кој претставува клучна алатка за мониторинг, верификација и управување со сертификатите за енергетска ефикасност. Неговото целосно оперативно функционирање ќе овозможи поголема транспарентност, подобро следење на резултатите од спроведените мерки и поквалитетно планирање на идните инвестиции.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини продолжува да ги зајакнува партнерствата со меѓународните финансиски институции, со јасна цел – повеќе инвестиции во енергетската ефикасност, помодерна јавна инфраструктура и одржлив енергетски развој во интерес на граѓаните и економијата.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

18 милиони денари промет на Берзата, Алкалоид и банките во центарот на вниманието

Следно

Коњановски изврши увид во асфалтирањето на улицата „Леринска“

Latest from Blog

Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, избрана за потпретседателка на Парламентарното собрание на ОБСЕ

Либерално-демократската партија информира дека претседателката на ЛДП и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, е избрана за потпретседателка на Парламентарното собрание (ПС) на ОБСЕ. На 33-тата годишна сесија на ПС на ОБСЕ

Коњановски изврши увид во асфалтирањето на улицата „Леринска“

Во Битола во тек е асфалтирањето на улицата „Леринска“ и крак од улицата „Христо Узунов“, во рамки на проектот за реконструкција на уличната мрежа. Претходно на оваа локација беше изградена мешовита фекална

18 милиони денари промет на Берзата, Алкалоид и банките во центарот на вниманието

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 08.07.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.328,80 поени. Во однос

Арбелоа од Реал седна на клупата на Фулам

Англискиот премиерлигаш Фулам го објави назначувањето на Алваро Арбелоа за нов тренер на тимот. Поранешниот тренер на Реал Мадрид потпиша договор до 2029 година. „Огромна чест ми е да ја започнам оваа

Коњановски: Нови мерки за поддршка на лицата со аутистичен спектар и нивните семејства

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска оствари средба со претставници на Здружението на деца и млади со посебни потреби и нивните родители „Невроразлични“-Битола и Здружението на психолози за стручна и морална
Go toTop