ТРАМП ПРИЗНА ДЕКА БАРАЛ РЕВИЗИЈА ЗА ЦРВЕНИОТ КАРТОН ЗА БАЛОГУН, политиката имала улога во поразот на БиХ

July 6, 2026
1 min read

Американскиот претседател потврди дека лично побарал од претседателот на ФИФА повторно да се разгледа црвениот картон на американскиот репрезентативец Фоларин Балогун во мечот кој го одиграа САД и Босна и Херцеговина. Изјавата доаѓа во момент кога европската куќа на фудбалот УЕФА жестоко реагираше и предупреди дека одлуката на ФИФА отвора сериозни прашања за интегритетот на натпреварувањето.

ФИФА во меѓувреме му дозволи на Балогун да настапи на осминафиналето против Белгија, иако претходно автоматски требаше да биде суспендиран.

„Само побарав преиспитување“

Трамп за првпат јавно го опиша разговорот што го водел со Инфантино.

– Сè што направив беше да побарам преиспитување. Не реков „мора да го направите тоа“ – изјави американскиот претседател од Овалната соба.

Тој инсистира дека не вршел притисок врз ФИФА и дека конечната одлука ја донел независен панел.

– Не му кажав што да прави. Не можам да му кажам што да прави – рече Трамп.

Според него, спорниот старт бил претерано строго оценет.

– Двајца момци трчаа со полна брзина и случајно се судрија – додаде тој.

„Ја поминавте црвената линија“

Признанието на Трамп дополнително ја разгоре дебатата низ фудбалска Европа. Од Нион стигна досега најострата реакција на целиот случај.

УЕФА оцени дека одлуката за укинување на суспензијата е неразбирлива и опасна.

„Изразуваме неверување во врска со оваа досега невидена, неразбирлива и неоправдана одлука. Кога чуварите на правилата повеќе не можат да гарантираат нивна доследна примена, интегритетот на играта е доведен во прашање, а кредибилитетот на натпреварувањето е поткопан“, соопшти УЕФА.

Критики и од Брисел

Реакции пристигнаа и од европските институции. Еврокомесарот за спорт, Глен Микалеф, предупреди дека спортските правила мора да останат во рацете на спортските тела, а не на политичарите.

– Влијанието врз спортските одлуки ќе ја поткопа автономијата на спортот – порача Микалеф.

Во Белгија, пак, дел од јавноста и медиумите оценија дека домаќинот на турнирот добил неочекувана помош пред елиминацискиот дуел.

Од црвен картон до настап во осминафинале

Случајот започна по натпреварот меѓу САД и Босна и Херцеговина. Балогун постигна гол, но подоцна беше исклучен по опасен старт врз босанскиот дефанзивец Тарик Мухаремовиќ.

По ВАР-проверката, судијата Рафаел Клаус му покажа директен црвен картон.

Сепак, ФИФА подоцна ја преиначи одлуката. Наместо автоматска суспензија, напаѓачот доби условна казна со пробен рок од една година.

Така остана во комбинација за настап против Белгија.

Од Белата куќа до Нион

Контроверзијата избувна откако спортскиот новинар Бен Џејкобс објави дека Белата куќа стапила во контакт со Џани Инфантино и побарала случајот да биде повторно разгледан.

Набргу потоа ФИФА ја укина суспензијата, а Трамп јавно ѝ се заблагодари на организацијата преку својата мрежа „Трут соушл“.

Токму поради тој редослед на настаните, реакцијата на УЕФА доби дополнителна тежина. Спорот повеќе не е само околу еден црвен картон, туку околу прашањето дали политиката смее да се доближи до одлучувањето во најголемите фудбалски натпреварувања.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Полицајци, инспектори, службеници му јавувале на газда Деко за контроли

Следно

Клоп со порака до Американците: “Оставете го Балогун на клупата!“

Latest from Blog

Клоп со порака до Американците: “Оставете го Балогун на клупата!“

фото: FIFA World Cup Stats @alimo_philip (X) Легендарниот Јирген Клоп, новиот селектор на Германија исто така ја критикуваше одлуката на ФИФА да ја укине суспензијата на американскиот напаѓач Фоларин Балогун пред осминафиналниот

Полицајци, инспектори, службеници му јавувале на газда Деко за контроли

Тајни СМС-пораки и вибер-комуникација со полициски началници, инспектори и вработени во Секторот за економија што праќале информации за контроли, беа јавно разоткриени во импровизираната судница во затворот „Идризово“, на судењето за пожарот

Меџити: Потпишан е договорот, автопатот Скопје–Блаце влегува во изградба

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, го поздрави потпишувањето на договорот за изградба на втората делница од автопатот Скопје–Блаце, оценувајќи дека станува збор за еден од најзначајните инфраструктурни

Денеска на Мундијалот: Роналдо против “Фуријата“, Американците сонуваат 1/4 финале

ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/ По се она што се случуваше во изминатиот ден, по шоуто на Халанд против Бразил и епскиот дуел на “Ацтека“ на кој Англија славеше против Мексико, денеска продолжува 1/8 финалето со

Проданоски: Фудбалски спектакл на голем екран во Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп Дејан Проданоски ги покани граѓаните на заедничко следење на фудбалскиот натпревар меѓу Португалија и Шпанија, кој вечерва ќе се емитува на голем екран на плоштадот „Александрија“ – Камена
Go toTop