Полицајци, инспектори, службеници му јавувале на газда Деко за контроли

July 6, 2026
1 min read

Тајни СМС-пораки и вибер-комуникација со полициски началници, инспектори и вработени во Секторот за економија што праќале информации за контроли, беа јавно разоткриени во импровизираната судница во затворот „Идризово“, на судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“.

Обвинителството презентираше докази од екстракција и анализа на телефонската комуникација од мобилните телефони на првообвинетиот Дејан Јованов-Деко и неговиот син, Михајло Јованов, во процесот за страшниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, каде згаснаа 63 животи. Во судницата се читаа пораки со контакти како што биле запишани во телефонот: началничка Марија, Цеце, Тодор Јованов, Весна инспекторка приватен, Лазе Ж`ти, Ацо командант, Магдалена лиценца, Вики економија и Благица диско, кои откриваат како бил уредно потсетуван и предупредуван сопственикот.

Особено драматична е комуникацијата од самиот ден на трагедијата, 16 март 2025 година, кога синот Михаил го известил татко си дека има рација во „Булевар“, од радовишки полицајци што не се „наши“ и дека ќе дојдат кај нив, по што бара итно празнење на дискотеката од малолетници. Родителите на загинатите деца реагираа згрозено по ваквите докази, нагласувајќи дека јавноста првпат слуша имиња на лица кои имале стотици контакти со сопствениците на „Пулс“ и на „Класик“, а кои воопшто не се опфатени во обвинителниот акт.

Од презентираните докази, добиени од вештачењето на мобилниот телефон на Јованов, во една од пораките го известил својот татко за полициска контрола во дискотеката, насочена кон присуството на малолетници. Според презентираната комуникација, Дејан Јованов му одговорил: „Во ред, нека бидат присутни, многу ги има малолетници, ние, секако, фирмата ќе ја однесеме во стечај“.

На рочиштето беше презентирана и комуникација, која, според Обвинителството, се однесува на дојави за инспекциски контроли од страна на Управата за јавни приходи во дискотеката. Станува збор за инспектори кои во моментов се предмет на истрага во Кочани, а за кои сè уште не е поднесено обвинение. Според презентираните докази, ваквата комуникација се одвивала во период од околу пет години, од 2020 година, сè до трагичниот настан во 2025 година.

Судењето, кое го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а го застапува тим од дури 15-мина јавни обвинители, продолжува со изведување градежно вештачење, по што свои докази ќе презентира и одбраната.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити: Потпишан е договорот, автопатот Скопје–Блаце влегува во изградба

Следно

ТРАМП ПРИЗНА ДЕКА БАРАЛ РЕВИЗИЈА ЗА ЦРВЕНИОТ КАРТОН ЗА БАЛОГУН, политиката имала улога во поразот на БиХ

Latest from Blog

Тоневски: Спортскиот дух нема години – честитки за одличниот успех на пробиштипските пензионери

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, денеска ги пречека пробиштипските пензионери кои учествуваа на Републичките спортски натпревари на пензионерите од Македонија. Претставниците на Здружението на пензионери од Пробиштип постигнаа одлични резултати, освојувајќи

Николоски: Македонија на чекор до историски рекорд од 4 милиони патници

Авиосообраќајот во Македонија продолжува да бележи значителен раст, а годинава бројот на патници на двата аеродроми би можел да достигне 4 милиони, оцени вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Според него,

(Видео) ТРАГЕДИЈА ВО ИСТАНБУЛ – Се урна дел од зграда, спасувачки екипи на теренот

Рано утрово околу 5:40 часот се урнаа првите три ката од седумкатна станбено-деловна зграда во истанбулската населба Малтепе, предизвикувајќи масовна спасувачка акција и голема загриженост откако под урнатините се трага по преживеани.

(Видео) ТРАГЕДИЈА ВО ИСТАНБУЛ – Се урна дел од зграда, спасувачки екипи на теренот

Рано утрово околу 5:40 часот се урнаа првите три ката од седумкатна станбено-деловна зграда во истанбулската населба Малтепе, предизвикувајќи масовна спасувачка акција и голема загриженост откако под урнатините се трага по преживеани.
Go toTop