Screenshot

Димитриеска-Кочоска: Буџетските приходи достигнаа 170 милијарди денари, раст од 8,6% во првата половина од годината

July 6, 2026
2 mins read

6 јули 2026, СкопјеВо првата половина од годината, односно во периодот јануари-јуни, вкупните приходи во Буџетот се реализирани во износ од 170 (поточно 169,9 па ги заокружив) милијарди денари што е раст за 8,6% во споредба со истиот период од претходната година и има реализација на планот од над 45%.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во експозето на ребалансот на Буџетот за 2026 година во комисиската расправа во Собранието оцени дека јавните финансии се стабилни, приходната страна се реализира согласно очекувањата, а расходите се насочени кон исполнување на законските обврски и реализација на приоритетните развојни политики.

„Особено е значајно што најголемиот дел од приходите доаѓаат од редовната економска активност.  Даночните приходи достигнаа 96,7 милијарди денари, при што приходите од данокот на додадена вредност изнесуваат 43,3 милијарди денари и учествуваат со околу 44,7% во вкупните даночни приходи. Приходите од данок на личен доход достигнаа 17,5 милијарди денари, приходите од данокот на добивка 13,8 милијарди денари, а по основ на акцизи се реализирани 13,9 милијарди денари“, наведе министерката. 

Податоците покажуваат раст на приходите од данокот на личен доход за 11,7%, данокот на добивка за 14,5%, данокот на додадена вредност 16,4% и раст од 8,3% кај увозните давачки бележат раст.

Според министерката ова е директна потврда дека економската активност продолжува, дека компаниите работат, дека платите растат и дека институциите успешно ја реализираат политиката на подобра наплата и намалување на сивата економија.

Социјалните придонеси во овој период од шест месеци, а како најзначаен извор за финансирање на пензискиот и здравствениот систем, достигнаа 58,8 милијарди денари, што претставува раст за 7,5% во споредба со истиот период минатата година.

На расходната страна на Буџетот, која е реализирана во износ од 205,9 милијарди денари е во насока на исполнување на законските обврски кон граѓаните.

Во првата половина од 2026 година се исполнети обврските кон стопанството, односно извршен е поврат на средства по основ на солидарниот данок во висина од 1,2 милијарди денари. За исплата на пензии се издвоени 58,1 милијарди денари и е обезбедена редовна исплата на пензиите за сите пензионери. За финансирање на здравствениот систем се реализирани 25,5 милијарди денари, а за социјална заштита на најранливите категории на граѓани се исплатени 7,6 милијарди денари. Кон општините се трансферирани 15,1 милијарди денари блок-дотации за образование, детска заштита, култура, противпожарна заштита и останатите пренесени надлежности, како и дополнителни 2,4 милијарди денари средства од данокот на додадена вредност. Истовремено, во првата поволина од годината државата дисциплинирано ги сервисираше сите обврски кон домашните и странските кредитори. За камати се исплатени 12 милијарди денари, додека за отплата на главнина по основ на домашен и надворешен долг се сервисирани 60,7 милијарди денари.

Според министерката, како што наведе во експозето, ова е исклучително важно, бидејќи финансиската дисциплина и навременото сервисирање на долгот се предуслов за зачувување на довербата на инвеститорите, меѓународните финансиски институции и кредитните агенции.

Таа потенцира дека на расходната страна, политиката останува непроменета – навремена исплата на сите законски обврски, дисциплинирано управување со јавните средства и приоритетно финансирање на развојните политики.

 Министерката истакна дека она што претставува најсилен показател за развојната политика на Владата е реализацијата на капиталните расходи којашто во првата половина од годината достигна 19,4 милијарди денари, што претставува раст од 53,5 проценти во однос на истиот период минатата година. Тоа, смета министерката, значи дека државата инвестира повеќе во патишта, железници, комунална инфраструктура, училишта, градинки, здравствени установи, водоводи, канализации, енергетски проекти и локален развој. За изградбата на Коридорите 8 и 10-д до крајот на мај се реализирани 6,3 милијарди денари, а дополнително, за инфраструктурните проекти во општините се реализирани 2,1 милијарди денари.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меси на елегантен начин ја демантираше наводната љубовна афера со новинарка!

Следно

Николоски: Домашна компанија ќе го гради автопатот Скопје – Блаце

Latest from Blog

Денеска на Мундијалот: Роналдо против “Фуријата“, Американците сонуваат 1/4 финале

ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/ По се она што се случуваше во изминатиот ден, по шоуто на Халанд против Бразил и епскиот дуел на “Ацтека“ на кој Англија славеше против Мексико, денеска продолжува 1/8 финалето со

Проданоски: Фудбалски спектакл на голем екран во Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп Дејан Проданоски ги покани граѓаните на заедничко следење на фудбалскиот натпревар меѓу Португалија и Шпанија, кој вечерва ќе се емитува на голем екран на плоштадот „Александрија“ – Камена

Британски Ф-35 пресретна руски воен авион. Министерот за одбрана: Знаеме каде е јахтата на Путин

Британското Министерство за одбрана утрово објави дека руски поморски патролен авион „ Bear F “ постојано се приближувал до борбена група на британски носачи на авиони во Норвешкото Море кон крајот на

Потпишан договорот за финансирање: Вториот дел од автопатот Скопјe-Блаце ќе чини 198,4 милиони евра и ќе има пет тунели

Изградбата на вториот дел од автопатот Скопјe-Блаце се очекува да започне во август и да трае околу четири години, најави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски. Според него, проектот

Општина Битола: Инвестиција во комуналната хигиена – пристигна нова опрема

Во ЈП „Комуналец“ Битола пристигнаа уште два камиони за подигнување на отпад со капацитет од 12 кубни метри, со што вкупниот број на досега испорачани возила достигна шест од планираните десет. Возилата
Go toTop