Советот на Битола ќе одлучува за нови поволности и проширување на надлежностите на „Паркинзи“

July 6, 2026
1 min read

Утре Советот на Општина Битола ќе ја одржи 14-та седница на која на дневен ред ќе се најде решението за давање согласност на Одлуката за проширување на дејноста на Јавното претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници (ЈППЈЛП ) како и измена и дополнување на статутот.

Исто така пред советниците и решението за давање согласност на Правилникот за условите, начинот и постапката за издавање и користење на повластена паркинг карта за лица со аутистичен спектар, како и бесплатно паркирање на јавните паркиралишта во надлежност на „Паркинзи“ за лица со аутистичен спектар.

На дневен ред и завршните сметки за 2025 година на ФК „Пелистер“, РК „Еурофарм Пелистер“, РК „Еурофарм Пелистер 2“ и на КК „Пелистер“.

Пред советниците и Акцискиот план на Локалниот економско социјален совет како и годишните планови за вработувања во неколку основни и едно средно училиште.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Судир во Анкара: Солзавец, апсења на протестот пред самитот на НАТО

Следно

Меси на елегантен начин ја демантираше наводната љубовна афера со новинарка!

Latest from Blog

Меџити: Чаир слави балкански шампион, ШКУПИ освои три медали во Хрватска

Од Хрватска пристигнуваат убави вести за Чаир. Борачите на клубот ШКУПИ постигнаа одличен успех на Балканското првенство во Копривница, освојувајќи три медали. Харун Мемеди стана балкански шампион во категоријата до 38 килограми,

Нов скандал на амбасадорката на Трамп во Грција, се појавија нејзини пораки: Уплати 100.000 на мојата АМЕКС

Кимберли Гилфојл, амбасадорка на САД во Грција, поранешна свршеница на Доналд Трамп помладиот и едно од луѓето блиски до семејството Трамп, упати необично барање до донатор на Трамп додека се подготвуваше за
Go toTop