Телефонски разговор Трамп – Путин

July 5, 2026
1 min read

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, разговарале телефонски за актуелни меѓународни прашања, вклучувајќи го конфликтот во Украина, ситуацијата на Блискиот Исток и идната соработка меѓу двете земји, според помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков.

Според него, разговорот, кој се одржал на иницијатива на американскиот претседател, траел еден час и 25 минути и бил „работен и многу конструктивен“, пренесе „РИА Новости“.

Ушаков изјави дека на почетокот на разговорот Путин им честитал на Трамп и на американскиот народ за Денот на независноста на САД.

За време на разговорот, двајцата лидери разговараа за меѓународната агенда, со посебен осврт на конфликтот во Украина.

Путин, според Кремљ, направил проценка на ситуацијата на фронтот и го повторил ставот на Русија дека поддржува политичко и дипломатско решавање на конфликтот, почитувајќи ги руските интереси. Ушаков рече дека Трамп ја повторил својата подготвеност да придонесе за брзо прекинување на непријателствата и наоѓање мирно решение, со вклучување на неговите специјални пратеници, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.

Како што беше наведено, претседателите разговараа и за изгледите за руско-американска соработка по завршувањето на конфликтот во Украина, при што Трамп укажа на значителниот потенцијал за развој на односите меѓу двете земји

. Соговорниците ја истакнаа и важноста од зачувување на заедничкото историско наследство, а особено го нагласија сојузништвото меѓу Москва и Вашингтон за време на Втората светска војна.

Путин изрази надеж дека преговорите меѓу САД и Иран ќе доведат до заемно прифатливи и долгорочни решенија, а исто така ја потврди подготвеноста на Русија да пружи практична помош во стабилизирањето на состојбата во регионот. 

Двајцата лидери се договорија наскоро повторно да разговараат, а Путин ја повтори поканата до Трамп да ја посети Русија. Според Кремљ, ова беше четврти разговор меѓу Путин и Трамп од почетокот на годината и 14-ти по враќањето на Трамп во Белата куќа во 2025 година.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Игор Ивановски и “Реформаторите“ поради кои СДСМ ја изгуби власта

Следно

Клоп прифати да биде новиот селектор на Германија

Latest from Blog

Активни четири пожари и четири под контрола

Во изминатото деноноќие во земјата се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни, 4 се под контрола, а 25 се изгаснати – соопшти утрово Центарот за управување

Иловица очекува нов развоен импулс: Стаменов смета дека рудникот може да донесе бенефит за сите

Инвестицијата во рудникот за бакар во Иловица може да придонесе за развој на целиот југоисточен регион, сметаат жители од локалната заедница кои ја поддржуваат реализацијата на проектот. Како една од најзначајните потенцијални

Собранието со демант: Нема приватно здравствено осигурување за пратениците и вработените

Собранието на Република Северна Македонија демантира дека обезбедува или плаќа приватно здравствено осигурување за пратениците и вработените во Собраниската служба, откако во повеќе медиуми беа објавени информации дека институцијата набавува ваков вид
Go toTop