Српската десница на протест против договорот со Косово

March 24, 2023
1 min read

Десничарските партии кои денеска учествуваа на протестот претходно испратиле писмо до претставниците на Европската Унија и амбасадите на земјите кои не го признаа Косово, во кое го изразиле своето противење на договорот на ЕУ за нормализација и оцениле дека е „ништовен“

Приврзаници на четири опозициски парламентарни партии од српската десница денеска го блокираа сообраќајот пред зградата на владата во центарот на Белград, барајќи отфрлање на договорот за нормализација на односите меѓу Србија и Косово. Побараа и оставка од српскиот претседател Вучиќ и распишување на вонредни избори.

Учесниците на протестот носеа маици со буквата „З“ која е симбол на руската агресија на Украина и транспаренти со написи „Не за капитулација“ и  „Оставка за Вучиќ“.

Движењето Двери, Заветници, Нова демократска партија на Србија и Движењето за обновување на Кралството Србија објавија дека организирале собири и блокади на градските седишта во другите градови ширум Србија.

„Идејата е ова да биде почеток на предупредувачките протести кои ќе се одржат во наредниот период“,

рече лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ.

Фото: Нова.рс

Протестот во Белград под слоганот „Не за капитулацијата“ започна во 12 часот и 44 минути, како алузија на Резолуцијата 1244 на Обединетите нации за Косово и на денот во 1999 година кога започна НАТО-бомбардирањето на тогашната Сојузна Република Југославија.

На 24 март 1999 година НАТО започна интервенција поради егзодусот и воените злосторства извршени од српските сили врз албанското население за време на војната во Косово.

Десничарските партии кои денеска учествуваа на протестот претходно испратиле писмо до претставниците на Европската Унија и амбасадите на земјите кои не го признаа Косово, во кое го изразиле своето противење на договорот на ЕУ за нормализација и оцениле дека е „ништовен“.

Писмото било испратено до претставниците на ЕУ, Жозеп Борел и Мирослав Лајчак, како и членови на Европскиот парламент и амбасадите на Шпанија, Романија, Грција, Кипар и Словачка.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Потпишан Договор за збратимување помеѓу скопските општини Чаир и Сарај со малтешката Општина Л-Исла

Следно

Нетанјаху во Лондон пречекан со свирежи и повици поради реформите во правосудството во Израел

Latest from Blog

Паоло Ваноли е нов тренер на Фиорентина

По отказот на Стефано Пиони, Фирентина, која што во моментов е во многу лоша играчка и резултатска ситуација, за нов тренер се одлучи да го ангажира, Паоло Ваноли, некогашниот играч на „Виолетовите“.

Границите во Словенија ќе ги чува војската

Припадниците на словенечката армија од денес ќе учествуваат во чувањето на државната граница заедно со полицијата, откако владата еден ден претходно го активираше членот 37 од Законот за одбрана, кој го дозволува

НАСА: Кометата „3-И / АТЛАС“ забрза и го врти курсот назад во правец на Земјата

Податоците од НАСА покажуваат дека меѓуѕвезденото тело „3-И / АТЛАС“ забрза и малку има отстапено од својата патека откако стигнал до најблиската точка до Сонцето. Во меѓувреме, НАСА има фотографија од вселенското

ЃОРЃИЕВСКИ ЌЕ ДЕЛУВА КАКО ДА Е ДИРЕКТОР НА СЕКОЕ ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ Стои зад иницијативата да има отповик на градоначалник

Новиот градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски најави дека ќе делува како тој да е директор на секое јавно претпријатие и дека негова ќе биде одговорноста во врска со работењето на претпријатијата. –

Jala Brat и Buba Corelli на барање на македонската публика закажаа втор концерт во СЦ „Јане Сандански“!

По рекордно распродадениот прв концерт од најавената GOAT TOUR, Jala Brat и Buba Corelli на 28 ноември на барање на македонската публика закажуваат втор концерт во СЦ „Јане Сандански“!  Енергија, хитови и
Go toTop