Комуналец Прилеп продолжува со уредување и естетско обликување на градското зеленило

June 30, 2026
1 min read

Екипите на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп продолжуваат со активностите за естетско кроење и обликување на зеленилото на повеќе локации во градот.

Во рамки на акцијата се уредуваат зелените површини кај Споменикот на прилепските бранители и во населбата Димо Наредникот, со цел градот да добие поуреден и поатрактивен изглед.

Од ЈКП „Комуналец“ јавно го пофалија својот вработен Пеце Трајкоски и тимот од секторот „Паркови и зеленило“ за нивната посветеност и професионалност.

Според Трајкоски, годинава се врши формирање и подготовка на зеленилото, а веќе следната година Прилеп ќе добие декоративно обликувани зелени фигури.

„Ова лето само го формираме зеленилото и го подготвуваме за следната фаза – можност за обликување во фигури“, посочува Трајкоски.

Од ЈКП „Комуналец“ најавуваат дека активностите за уредување и одржување на зелените површини ќе продолжат и во наредниот период.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски: ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ добива современи спортски терени

Следно

Катастрофа во Венецуела: Над 43.000 лица водат како исчезнати по разорни земјотреси

Latest from Blog

ЗА ТОА ШТЕ ЌЕ СЛЕДИ ВИНОВЕН Е ЗЕЛЕНСКИ – Москва најави сосема нов вид војна во Украина

Москва во рок од само неколку минути испрати две фатални и бескомпромисни пораки до украинското раководство: руското Министерство за одбрана најави драстично засилување на ракетните удари низ цела Украина, додека Кремљ децидно

САУДИСКА АРАБИЈА ТРГНУВА ВО ОФАНЗИВА

Саудиска Арабија подготвува голема воена офанзива против јеменските Хутити, со цел да ги поништи нивните неодамнешни успеси со кои ја презедоа контролата врз клучниот теснец Баб ел-Мандеб, витална жила куцавица за глобалниот
Go toTop