Проданоски: Отворен Центар за дневен престој на стари лица во Прилеп

June 30, 2026
1 min read

Во Прилеп денеска и официјално беше пуштен во употреба Центарот за дневен престој на стари лица за активно стареење, кој ќе обезбедува грижа, поддршка, социјализација и различни активности за повозрасните граѓани.

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека станува збор за значаен проект кој претставува уште еден чекор кон развој на современи, достапни и квалитетни социјални услуги.

 

„Нашата цел беше да создадеме место каде што повозрасните лица нема да бидат изолирани, туку ќе имаат можност активно да го исполнуваат своето секојдневие преку дружење, социјализација, едукативни, културни и рекреативни активности, како и психосоцијална поддршка и грижа од стручен тим“, порача Проданоски.

Тој нагласи дека Центарот нема да биде наменет само за жителите на Прилеп, туку услугите ќе бидат достапни и за повозрасните лица од општините Кривогаштани и Долнени, што, како што рече, претставува пример за успешна меѓуопштинска соработка.

Центарот располага со капацитет за најмногу 48 корисници, а заинтересираните граѓани ќе можат да аплицираат преку Центарот за социјални работи – Прилеп.

Проданоски упати благодарност до Министерството за социјална политика, демографија и млади, Светска банка, Центарот за развој и едукација – Прилеп, Меѓуопштинскиот центар за социјални работи – Прилеп, како и до општините Кривогаштани и Долнени и сите институции и лица кои учествувале во реализацијата на проектот.

Тој посочи дека Општина Прилеп, покрај обезбедувањето на просторот и улогата на домаќин на проектот, учествувала и со сопствено кофинансирање, нагласувајќи дека инвестицијата во луѓето е највредната инвестиција.

„Нашите повозрасни сограѓани заслужуваат внимание, грижа и достоинствен живот, затоа што токму тие ги поставија темелите врз кои денес го градиме нашето општество“, истакна Проданоски, посакувајќи Центарот успешно да им служи на граѓаните уште многу години.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Општинскиот штаб во Прилеп ги активира мерките за превенција од пожари

Следно

Претседателот Гаши на 67. Генерално собрание на ПАБСЕК во Тбилиси

Latest from Blog

ЗА ТОА ШТЕ ЌЕ СЛЕДИ ВИНОВЕН Е ЗЕЛЕНСКИ – Москва најави сосема нов вид војна во Украина

Москва во рок од само неколку минути испрати две фатални и бескомпромисни пораки до украинското раководство: руското Министерство за одбрана најави драстично засилување на ракетните удари низ цела Украина, додека Кремљ децидно

САУДИСКА АРАБИЈА ТРГНУВА ВО ОФАНЗИВА

Саудиска Арабија подготвува голема воена офанзива против јеменските Хутити, со цел да ги поништи нивните неодамнешни успеси со кои ја презедоа контролата врз клучниот теснец Баб ел-Мандеб, витална жила куцавица за глобалниот
Go toTop