Одлучи пенал – серијата: Германија во солзи, а Парагвај во 1/8 финалето!

June 30, 2026
1 min read
ФОТО:facebook.com/DFBTeamEN/

Уф, каква сензација во Бостон. Германија си оди дома, Германија е елиминирана уште во 1/16 финалето и тоа од Парагвај и тоа по пенал – серијата. Германија – Парагвај 1:1 или 4:5 по изведување на пеналите. Секако дека ова е голем шок за “Панцерите“ кои против Парагвај речиси ништо да не одиграа и заслужено си одат дома. Па селекцијата од Ј. Америка има право на радост, затоа што одигра со срце и храбро и успеа да победи. Трагичари во пенал – серијата за Германија беа Хаверц, Волтемаде и Тах.

Во текот на целото прво полувреме Германија беше таа што доминираше, што имаше посед, но само до голот на Парагвај. Едноставно “Панцерите“ не знаеја како да го урнат “бункерот“ на селекцијата од Јужна Америка. Оваа селекција знаеше што сака, да се одбрани а ако може од контри да искористи нешто.

И така и беше кога во 42.минута Енцисо успеа да ја изненади одбраната на Германците и да и донесе водство на својата селекција од 0:1. Резултат со кој се замина на одмор.

А во второто полувреме иста слика на теренот, но “Панцерите“ сега беа поопасни. И дојде тоа израмнување во 54.минута кога Хаверц на нему својствен начин успеа да ја матира одбраната на Парагвај за израмнување, за 1:1.

До крајот на регуларните 90 минути, се играа и пет минути судиско продолжување, останаа тие 1:1 па се замина во продолженија, први на ова СП во нокаут – фазата.

Во првото судиско продолжение, поточно во 102.минута, Тах даде гол за 2:1, за радост на Германицит. Но по консултација со ВАР, голот беше поништен, имало фаул над голманот на Парагвај пред Тах да ја затресе мрежата, па така останаа тие 1:1. Откако и по второто продолжение немаше голови, се изведуваа пенали.

А во таа пенал – серија подобри беа Парагвајците и тие ќе играат во 1/8 финалето против победникот од дуелот Франција – Шведска.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зеленски: ЈА ВРАЌАМЕ ВОЈНАТА ВО РУСИЈА

Следно

(ВИДЕО) Општинскиот штаб на Прилеп ги активира мерките за превенција од пожари: Од 1 јули забрани и засилени контроли

Latest from Blog

САУДИСКА АРАБИЈА ТРГНУВА ВО ОФАНЗИВА

Саудиска Арабија подготвува голема воена офанзива против јеменските Хутити, со цел да ги поништи нивните неодамнешни успеси со кои ја презедоа контролата врз клучниот теснец Баб ел-Мандеб, витална жила куцавица за глобалниот

Аргентина немаше милост и со 7:0 ја растури Буркина Фасо, во меч кој за малку немаше да се одигра (Видео)

Аргентина убедливо со 7:0 славеше над селекцијата на Буркина Фасо во контролен меч. Вистинска драма се случуваше пред мечот. Африканската селекција која е на 62 место на ФИФА листата одби да патува

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот
Go toTop