Проданоски: Мариово е едно од највредните природни и културни богатства на Македонија

June 28, 2026
1 min read

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска присуствуваше на одбележувањето на големиот јубилеј – 40 години од манифестацијата „Мариовско-мегленски културни средби“, што се одржа во манастирот „Св. Илија“ во Мариово.

На настанот, заедно со пратеници од Прилеп, членови на Советот на Општина Прилеп, директори на јавни институции, претставници на јавниот и општествениот живот, како и бројни жители и гости од Мариово и Пелагонискиот регион, беше одбележан значајниот јубилеј на една од најдолговечните културни манифестации во регионот.

Проданоски истакна дека Мариовско-мегленските културни средби веќе четири децении успешно ја негуваат традицијата, културата и идентитетот на Мариово, испраќајќи силна порака за значењето на зачувувањето на културното наследство.

„Мариово отсекогаш било симбол на истрајност, достоинство и непокорен дух. Овие средби нè потсетуваат на нашите корени, го чуваат споменот на нашите предци и ја одржуваат жива македонската песна, орото, народната носија и обичаите што нè прават препознатливи“, нагласи градоначалникот.

Тој додаде дека локалната самоуправа ќе продолжи да ги поддржува ваквите манифестации, како и активностите насочени кон зачувување на културното наследство, развојот на руралниот туризам и афирмацијата на Мариово како едно од највредните природни и културни богатства на Македонија.

Проданоски упати благодарност до претседателот на Здружението „Мариовско-мегленски културни средби“, Стојан Ѓуровски, како и до културно-уметничките друштва, учесниците, волонтерите и сите поддржувачи кои веќе 40 години придонесуваат за зачувување и развој на оваа значајна традиција.

Тој порача дека Мариовско-мегленските културни средби и во иднина треба да продолжат да ги обединуваат луѓето околу македонската традиција, песната, орото и вредностите што се пренесуваат на идните генерации.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Денеска на Мундијалот: Стартува нокаут – фазата, Канада на мегдан со Ј.Африка

Следно

ВРЕДИ до ЗНАМ: Правда е забетонирана за ВЛЕН

Latest from Blog

„Тајм“: Трамп го прашал „Грок“ што би се случило ако го уапси Мадуро

Ова се случило неколку недели пред тој да нареди операција за негово приведување, открива списанието „Тајм“. Наводно, вештачката интелигенција му рекла на Трамп дека многумина во Венецуела веројатно би го прославиле падот

Барселона пронајде нов десен бек во Фиорентина, но ќе има конкуренција во Јувентус и Милан

Бразилскиот дефанзивец на Фиорентина, Додо, се најде на радарот на неколку европски гиганти и наскоро би можел да ја промени средината. Иако сезоната е во полн ек, најголемите европски клубови веќе ги

Тајван ги доби првите нови американски авиони Ф-16, нарачани се 66

Авионите слетаа во воздухопловната база Чиханг во источниот округ Тајтунг околу пладне, по летот од Хаваи и попатното застанување во Гуам. Тајванскиот претседател Вилијам Лаи Чинг-те изјави дека пристигнувањето на авионите претставува
Go toTop