Андоновски: Државата бележи историски раст во дигиталните услуги

June 27, 2026
1 min read

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски соопшти дека во изминатите две години е постигнат значителен напредок во дигитализацијата на јавните услуги, при што, како што рече, државата бележи силен раст во користењето на електронските сервиси од страна на граѓаните.

Тој истакна дека преку Националниот портал uslugi.gov.mk во изминатиот период се поднесени над 340.000 барања, преку кои граѓаните можат целосно дигитално да добијат различни документи, меѓу кои изводи од матични книги, уверенија за државјанство, потврди за неосудуваност и други административни услуги.

„Бројот на електронски услуги на порталот се зголеми од 120 во 2024 година на 352 во 2026 година, што претставува раст од 193 проценти. Месечниот број на издадени услуги се зголеми од 1.354 на 13.445, односно речиси деветпати повеќе“, изјави Андоновски.

Според него, раст бележи и бројот на корисници, кој се зголемил од 110.000 на 235.000, додека бројот на поднесени барања достигнал над 340.000.

Андоновски посочи дека освен дигитализацијата, државните услуги се приближени и физички до граѓаните преку мрежа на центри за услуги, чиј број е зголемен од пет во 2024 година на 16 во 2026 година. Според податоците, бројот на услужени граѓани во овие центри пораснал од 1.800 годишно во периодот 2020–2023 на околу 11.000 во 2025 година.

Министерот се осврна и на развојот на Платформата за интероперабилност, преку која институциите разменуваат податоци, нагласувајќи дека бројот на поврзани институции е зголемен од 48 на 89, а месечниот број на трансакции од 708.000 на речиси 4 милиони.

Во делот на реформите, тој посочи дека се донесени повеќе клучни закони, меѓу кои Законот за електронски комуникации, Законот за сајбер безбедност, Законот за електронско архивирање, како и закон за дигитален паричник и дигитален идентитет.

Андоновски додаде дека државата работи и на зајакнување на сајбер безбедноста, при што државниот центар за одговор на киберинциденти е примен во меѓународната организација FIRST, а воспоставен е и Национален центар за побезбеден интернет за деца „МкСафеНет“.

Тој најави и нов проект – Националниот центар за вештачка интелигенција „Везилка“, кој ќе работи на развој на македонски јазичен модел и примена на вештачката интелигенција во повеќе сектори, меѓу кои енергетика, здравство, земјоделство и јавна администрација.

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Нова ескалација по американскиот напад: Танкер е погоден со проектил во Ормутскиот теснец

Следно

Најбараниот меч на Мундијалот: Пет милиони барања за билети пристигнаа во само 24 часа

Latest from Blog

Најбараниот меч на Мундијалот: Пет милиони барања за билети пристигнаа во само 24 часа

ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/ Колумбија и Португалија ќе го играат последното коло од Групата К на Светското првенство во Мајами во недела навечер, од 1:30 часот по македонско време. Тоа ќе биде дуел за првото

Нова ескалација по американскиот напад: Танкер е погоден со проектил во Ормутскиот теснец

Според официјалното соопштение, нападнатиот брод претрпел штета на командниот мост. За среќа, сите членови на екипажот се неповредени и во моментов се безбедни, а UKMTO додава дека не е регистрирано загадување на

Утре во Скопје ќе се прска против комарци

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се изврши утре во раните утрински часови на скопската територија, информираа од Град Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе

Евростат: Македонија со најниски цени во Европа

Македонија е најевтина земја во Европа според најновите податоци на Евростат. Но, иако цените се најниски, тоа не значи и повисок животен стандард, бидејќи економистите нагласуваат дека ниските цени најчесто се поврзани
Go toTop