ТРАМП ЗБЕСНА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ – Сенатот му нареди да ја запре војната со Иран

June 24, 2026
1 min read

Сенатот на Соединетите Амрикански Држави (САД), каде мнозинството го имаат републиканците, усвои резолуција со кој му се наложува на претседателот на државата Доналд Трамп да ја запре војната со Иран или да бара одобрение од Конгресот пред да продолжи со нови воени дејствија, јавуваат светските медиуми.

Група републиканци, како што пренесува Би-би-си, им се придружија на своите колеги од таборот на демократите за во тесно гласање синоќа со 50 гласа „за“ и 48 „против“ да ја усвојат резолуцијата. Мерката претходно овој месец беше усвоена од Претставничкиот дом на Конгресот на САД.

Сепак, како што забележуваат медиумите, резолуцијата во голема мера е симболична, бидејќи, иако усвоена од двата дома на Конгресот, таа нема да биде доставена на разгледување до Трамп и нема сила на закон.

Инаку, разгледувањето и гласањето за ова прашање дојде откако републиканците во Конгресот чија поддршка ја има американскиот претседател, изразија скептицизам во однос на мировниот план што Трамп го договори со Иран за ставање крај на непопуларниот конфликт кој влегува во петтиот месец откако израелско-амерканските сили ја нападнаа земјата на Блискиот Исток.

Американскиот претседател вчера вечер ја критикуваше резолуцијата, нарекувајќи ја лошо темпирана и бесмислена, пренесуваат светските медиуми.

„Значи, го држам Иран на јаже, подготвен е да падне на есен…а Сенатот на САД одлучува да има лошо темпирано и бесмислено гласање во врска со Законот за воени овластувања…Овие сенатори ми ја отежнаа работата, но јас ќе ја завршам, на еден или на други начин, бидејќи секогаш ја заршувам“, напиша Трамп на својата социјална платформа Трут соушл (Truth Social).

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски на терен со директорите на јавните претпријатија по обилните врнежи

Следно

„ВАР отиде на кафе“ – селекторот на Гана згрме по мечот со Англија (ВИДЕО)

Latest from Blog

Дефинитивно пукна тиквата во Португалија, лутиот Роналдо го напушти тимот!

Легендарниот напаѓач Кристијано Роналдо предвреме ја напушти репрезентацијата на Португалија. Ова се случи после прес-конференцијата на селекторот Жорже Жесус кој објави дека Роналдо ќе започне на клупата и на утрешниот натпревар на Португалија

Николоски: Во Брисел за инфраструктурата, Планот за раст и проширувањето на ЕУ

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски е во дводневна работна посета во Брисел, каде ќе земе учество на официјални средби организирани од Европската Комисија. На средбите ќе се

Вкупниот промет на Македонската берза над 21,4 милиони денари, МБИ10 порасна 2,60 отсто

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 30.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.044,58 поени. Во однос

Скопскиот аеродром бележи силен подем: 34,8% раст и место во европскиот врв

Меѓународниот аеродром Скопје во август забележал значителен раст на патничкиот сообраќај, со што се најде меѓу најбрзорастечките аеродроми во Европа во својата категорија. Според најновиот извештај на ACI EUROPE, патничкиот воздушен сообраќај

Нетанјаху тужи новинари и медиуми

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поднесе тужба за клевета против три медиумски куќи и шестмина новинари во Израел поради извештаи во кои се тврди дека тој лично бил предупреден за нападот на Хамас
Go toTop