Во завршна фаза е изградбата на новиот парк во типската населба во Прилеп, кој се гради во близина на стадионот со вештачка трева, информираат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп и Локалната самоуправа.
Со реализацијата на овој проект се очекува значително да се растерети постојниот парк кај црквата „Св. Елена и Константин“, кој во летниот период бележи зголемена посетеност и вечерни гужви.
Од претпријатието посочуваат дека на новиот парк и спортските терени веќе е извршено темелно чистење и косење, а во тек е и поправка на оштетената комунална опрема, со цел просторот да биде целосно уреден и безбеден за користење.
Истовремено, упатен е апел до посетителите, особено до младите, да ја одржуваат чистотата и редот, да ги користат поставените канти за отпадоци и контејнерите во непосредна близина на паркот.
„Мораме сите заеднички да се грижиме за животната средина. Чисто е убаво“, порачуваат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп.

